Во рамки на денешниот настан за презентација на Отчетот за реализираните проекти од страна на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ за граѓаните од Југозападниот регион во Македонија кој се одржа во Охрид, свое обраќање пред присутните имаше Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Тој на крајот од своето обраќање упати повеќе политички пораки во врска со очигледните намери на актуелните власти на чело со СДСМ и ДУИ во Владата да извршат уште едно национално предавство на интересите на Македонскиот народ- пред се преку погазување на Македонскиот идентитет, историја, традиција и јазик во контекст на преговорите кои ги спроведуваат со претставници на Бугарската држава.
Претседателот на опозициската партија во своето побара широка народна подддршка во пресрет на претстојниот период за кога Димитар Ковачевски, Бујар Османи, Бојан Маричиќ заедно со нивниот целокупен апарат планираат да потпишат предавство на националните интереси.
Во продолжение во целост го пренесуваме овојј дел од неговиот говор на денешниот настан од Охрид.
“Ќе ми дозволите сосема на крај да се осврнам на можеби една од темите која е многу важна за нашата заедничка иднина. Четири години се позади нас, почна и петтата година по ред и покрај сите отстапки, покрај сите кнедли кои Македонија ги проголта ние сме надвор од портите на Европската Унија. Спорот со Бугарија чиј што создавач е заевизмот е непромислива пречка за оваа влада. Главната активност на Ковачевски изминатиов период е сликање со Петков и состаноците со Заев. За ова последново не ни треба докази, се гледа од политиките на Ковачевски, сите тие политики се практично лице и опачина на една иста политика која што беше убедливо поразена на два пати на локалните избори, позната во јавноста како заевизам. Но, што е разликата помеѓу Ковачевски и Заев, тоа што Ковачевски го гледаме исто како Заев дека се слика, но барем Заев го имаше на слики, овој гледам дека го отстрануваат од сликите. Но да бидеме сериозни тоа е најмалиот проблем.
Но тоа е најмалиот проблем. Работата е што имаме власт која одбива консензус за најважното прашање кое во моментов ја засега Македонија. Таа подадена рака за секој државник и премиер, особено кога тоа доаѓа од опозицијата, како што го направивме ние би била прифатена затоа што тоа е одговорно однесување и би било засилување на аргументите во преговорите со нашиот источен сосед.
Одбивањето само говори тоа дека на повидок е многу поопширно решение од само промена на Уставот во која што требало да биде вклучено бугарското малцинство во Македонија. Поопширното решение подразбира навлегување во историјата и македонскиот јазик со што директно се задира македонскиот идентитет. Што би значело газење по македонскиот идентитет. Такво идентитетско обезличување ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати, ниту сега, ниту во иднина, но во исто време сакам да се знае дека потребна е широка поддршка од сите интелектуални и општествени групи, нивна мобилизација и гласност на секој поединец за да не се дозволи решение со кое подоцна треба да се живее. Јасно им е дека во Парламентот немаат 80 пратеници, и единственото нешто што ќе им остане на располагање е целокупните барања опфатени со Декларацијата на бугарскиот Парламент да бидат дел од преговарачката рамка. Тоа е она кое што го преговара денеска Ковачевски од името на Зоран Заев и тоа е оној заевизам, кој што ние го зборуваме кој што не исчезна, присутен е неговиот дух затоа што според политиките на Ковачевски тоа можеме да го видиме и во јавноста и во преговорите со Петков.
ВМРО-ДПМНЕ е носечкиот столб, и ако прашањето е што ќе направиме да спречиме лошо решение, нормално ќе имаме такви инсталации кои што наместо да гледаат како Заев и Ковачевски го распродаваат македонскиот идентитет, ќе бараат одговори од ВМРО-ДПМНЕ што ќе направи. Еве ќе ви дадам одговор – ВМРО-ДПМНЕ ќе направи се што има на располагање за да го спречи и да се спротивстави на ова решение кое што Ковачевски е подготвен да го потпише и да не го донесе при тоа на увид на јавноста. Се што е на располагање.
Но внимавајте, ако го потпише и ако го прифати и стане дел од преговарачкиот процес назад нема. Тогаш или ќе се бугаризираме и ќе бидеме дел од ЕУ, или ќе преговараме до бесконечност. Затоа е многу важно, многу важно ВМРО-ДПМНЕ денеска да обезбеди општествена поддршка од македонскиот народ и од граѓаните во Македонија. Заедно да излеземе со се што е потребно да го спречиме заевизмот преку Ковачевски да го прифати ова решение и ова да влезе во преговарачката рамка. Повторувам, потоа ќе биде доцна. Потоа за бадијала ќе бидат прашањата на инсталациите и за бадијала ќе биде се. Сега е вистинскиот момент кога треба сите ние да застанеме и да се спротивставиме на ова предавничко решение кое што го подготвен Ковачевски да го потпише. Затоа што таква е инструкцијата на Зоран Заев. Такво е писмото кое што му го оставил при примопредавањето на црвените дебели килими и додека седеа фино залежани во дебелите кожни фотелји.
ВМРО-ДПМНЕ не е против решение, ВМРО-ДПМНЕ е за решение. Бара гаранции Петков, бара гаранции и ВМРО-ДПМНЕ. Бара гаранции ВМРО-ДПМНЕ за многувековната историја на македонскиот народ, како посебен народ и различен од останатите словенски народи. Бара гаранции за неговата традиција, бара гаранции за неговите обичаи, бара гаранции за културата, бара гаранции за македонскиот јазик, и конечно бараме гаранции како ВМРО-ДПМНЕ дека никогаш повеќе никој додека не станеме полноправно членка на ЕУ каде што му е местото на овој народ и каде што и е местото на Македонија дека никој понатаму поради субјективни причини нема да не опструира. Тоа се условите, да седнеме на маса, да постигнеме национален консензус и да продолжиме да преговараме. За бадијала ни е се, ако го изгубиме она кое што сме го наследиле од нашите предци, а кои што со глава, крв и живот го платиле тоа што ние денеска го живееме. Затоа од овде од Охрид упатувам порака и барам општествена поддршка да не дозволиме Владата на Османи и Ковачевски, да го направи ова предавство. Ни треба народ, ни треба масовност, да излеземе и да се бориме против сето ова.
ВМРО-ДПМНЕ драги пријатели, нема да паѓа во стапиците на големите измислени теми кои се параван за да продолжат со злоупотребите. Новиот патриотизам значи да се обединиме нешто што го барам од овде, од Охрид, заедно сите и леви и десни, и христијани, муслимани и атеисти во идејата за една заедничка иднина.
Време е да се остават нишаните, партиските поделби, и мора да дадеме одговори на вистинските потреби на народот. И ова се мали чекори, но со огромна важност. Ние имаме одговорност во име на сите овие луѓе да водиме, и да одиме напред.
И затоа велам дека не смееме да губиме време, туку заеднички и сложно да градиме иднина.
Да создаваме промени што носат иднина.“
-соопшти Христијан Мицкоски денеска од Охрид.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Николоски: Самопрогласени „синдикални лидери“ шират лаги за изградбата на автопатот Охрид – Кичево. Ќе го завршиме на време и сите ќе му се радуваме
Пилот проект за лекување од далечина започна да се спроведува во Делчево и Дебар
Сообраќајна несреќа со тешки телесни повреди денеска во Штип