Откако медиуми блиски до власта објавија дека Драган Ковачки е казнет од страна на Радмила Шеќеринска затоа што напишал “Долга е раката на ВМРО”, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски упати своја реакција во јавноста со која што направи елементарна споредба за тоа које е Ковачки а која е Шеќеринска која го јазнува Ковачки.
“Радмила Шекеринска го казнила полковник Драган Ковачки затоа што напишал “долга е раката на ВМРО”.
Кој е Ковачки?
-Бранител од 2001 година, дел од специјалната армиска единица “Волци”.
-Офицер од првата генерација на македонски офицepи со завpшена Вoeна академија, офицер за специјални операции и за разузнавање во првата мисија под раководство на САД- Слобода за Ирак.
-Командант на Првата механизирана пешадиска бригада. -Командир на противтерористички тим во 6. одред и други функции.
-Завршил на Кралски колеџ за одбранбени студии во Велика Британија, Командно-штабна академија во Хрватска и Воена Академија во Македонија. Во Велика Британија завршил школа за стратегиско лидерство и контраразузнавање, во САД за стратегиско разузнавање.
А која е Радмила Шекеринска?
-кадар активен уште од времето на транзициската олигархија од деведесетите години.-учесник во власта уште од времето на ТАТ, транзицијата, криминалната транзиција, вице премиерка во владата на Бучковски, истото и во најкриминалната влада во Европа на Зоран Заев.
– позната по “бонбона бизнисите” и матната продажба на ЕСМ,
– позната по аферата “кирии”, домаќин на обвинителката Катица Јанева осудена за рекет.
Ковачки е дел од најдоброто од македонската армија, Шекеринска е дел од најлошото од македонската политика.
Ковачки, главата горе, овој пат одиме до крај. Или тие, или Македонија.
П.С. И Ковачки ви ја кажал вистината. Долга е раката на ВМРО исто како и вистината! И овој пат одговорност за криминалците ќе има, нема друга алтернатива.”
-стои во соопштението на Мицкоски упатено преку социјалните мрежи.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Историскиот антагонизам меѓу двете држави се надминува? Бугарија ја одобри еколошката студија за изградба на патно поврзување меѓу Струмјани и Берово
Во с. Драгобраште, виничко уапсени 26 годишник од Делчево и 24 годишник од с.Вирче, делчевско
Карл Јунг – патот преку поучни приказни, како дел од неговата книга „Сеќавања, соништа, рефлексии“