Откако Радмила Шеќеринска во недостиг на реални проекти со кои се подобрува стандардот на Македонската војаки а наспроти големиот број скандали во нејзина режија се обиде да ја замајува македонската јавност со нејзината лична пресметка со Драган Ковачки, се појасно е во јавноста злоупотребата на Министерството за одбрана за партиски цели на Шеќеринска.
Покуса за нивото на знаење и професионализам кое што го има Ковачки, Шеќеринска како повеќедецениски транзиционен политичар со партиски финти својствени за СДСМ се обидува да ќари некој политички поен прогонувајки го Ковачки, само затоа што тој се обидува да го подобри стандардот и угледот на Македонската армија и македонските војници.
Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Ковачки упату своја порака денеска до јавноста во врска со обидите на првата жена во МО и нејзините обиди за сплеткарења на негова сметка, наместо да работи за доброто на армијата и војската.
“Шекеринска повторно манипулира и објавува детали од интерни армиски постапки за кои цело време предупредувам.
Прво, престанете да манипулирате и кажете и’ на јавноста дека Комисија предводена од генерал не најде докази за тоа за што ме обвинувате, а Вашата комисија во која нема ниеден генерал туку има и лица помлади по чин од мене, Ви достави нарачан предлог.
Па од авион се гледа Вашиот притисок врз Вашата комисија.
Институцијата не Ви е партиска играчка да се пресметувате со мене затоа што не мислам како Вас.
Второ, должите да одговорите: Зошто и после година дена се’ уште на вашиот фејсбук профил стои доверлива класифицираната мапа од зона на одговорност на армиска единица?
Трето, дефокусирате од вистинските проблеми:
- Која е улогата на министерот за одбрана во набавките на кинеските вакцини од ФАНТОМ фирмата во Хонг Конг?
- Како може со чиновничка плата да се купи куќа вредна баснословна сума а за багателна цена? Еве ја повикувам јавноста и истражувачките новинари да се заинтересирааат за случајот и да го истражат.
Последно, не е учтиво од уста на дама на толку висока политичка и партиска функција да напаѓате на личност со неумесен речник и да ме наречете плачко и лажго. Нема да се симнам на тоа ниво, но во интерес и добробит на општеството, на сите родители би им советувал такви фрази да избегнуваат пред своите деца.”
-напиша Драган Ковачки на социјалните мрежи.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Историскиот антагонизам меѓу двете држави се надминува? Бугарија ја одобри еколошката студија за изградба на патно поврзување меѓу Струмјани и Берово
Во с. Драгобраште, виничко уапсени 26 годишник од Делчево и 24 годишник од с.Вирче, делчевско
Карл Јунг – патот преку поучни приказни, како дел од неговата книга „Сеќавања, соништа, рефлексии“