Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ со свое видео обраќање до јавноста упати јавен апел до граѓаните во ова време на светска криза како по однос на здравјето на граѓаните така и по однос на економската стабилност на државата и стандардот на живот на Македонскиот народ да се купуваат што е можно повеќе Македонски производи.
На тој начин да се помогне на стопанството во надминвуање на негативните економски ефекти од самата криза.
Кампањата што ја започнаа повеќе партиски функционери на ВМРО-ДПМНЕ се реализира под мотото “Затоа што ја сакам Македонија #КупувајтеМакедонскиПроизводи “
Во продолжение во целост го пренесуваме неговото обраќање до јавноста:
“Компаниите кои се најдиректно изложени на штетните последици од пандемијата губат по 110 милиони евра месечно. 70 проценти од овие компании се мали со од еден до 9 вработени. Тие се првите на удар.
Во отсуство на брза реакција на властите, секој од вас може да помогне. Се прашувате како???
Купувајте македонски производи и спасете работно место. Секој човек во економскиот свет е потрошувач, трошете паметно и купувајте производи произведени во Македонија за да и помогнете на економијата, а највеќе да помогнеме да се сочуваат работните места, а така си помагаме себеси.
Купувајте македонски производи, затоа што така ја правиме државата подобра и затоа што ја сакаме Македонија!”

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Градоначалникот на Делчево Гоцевски оствари средба со активисти на невладината организација “Жена” од Делчево
Тошковски на промоцијата на Националната стратегија: Значително намален бројот на жртви во сообраќајот, Македонија во конкуренција за светско признание за сообраќајна безбедност на светскиот полициски самит во Дубаи
dm повторно го отвора еко-конкурсот „Зелена иднина: од градинка до училиште“ – пријавете го вашиот двор за раззеленување!