На митингот во Могила свое обраќање имаше и Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој што зборуваше за видливите разлики на кадровиот потенцијал на власта на СДСМ и ДУИ наспроти потенцијалот кој што го има ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата.
“Вие сте нашиот мотиви и сила. Без вас ниту ВМРО-ДПМНЕ, ниту Македонија, ниту коалицијата Твоја Македонија нема да биде тоа што сме денеска. А што сме денеска? Денеска после првиот круг на претседателските избори можам гордо да кажам дека народот и коалицијата Твоја Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ направија историски најголема коалиција и како резултат на таа коалиција професорката Гордана Силјановска Давкова има повеќе од два пати гласови од нејзиниот против кандидат Стево Пендаровски, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешниот митинг во Могила во рамки на кампањата за претседателските и парламентарни избори.
Мицкоски истакна дека коалицијата што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ во континуитет заедно со народот испишува историја, посочувајќи дека после локалните избори, очекува и на овие избори заедно со народот да победат и испишат историја.
Ова е континуитет да коалицијата која што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ на последните изборни циклуси заедно со народот испишува историја. Така беше на локалните избори во 2021 година,
Мицкоски нагласи дека победата значи одговорност и брзи резултати, додавајќи дека имаат план, енергија, мотив за да реализираат се што ќе ветат.
Ова е одговорност. Свесни сме дека ова е одговорност и народот бара брзи резултати. Имаме план, енергија, мотив. Вие сте нашиот мотив да веднаш после формирањето на новата влада сето она кое што го зборуваме ширум Македонија го реализираме и веднаш се да се почувствуваат брзите резултати. Тоа е нашата цел, рече Мицкоски и додаде:
И тоа ќе биде одговор на многумина кои се обидуваат да бидат аналитичари и да го демотивираат народот во Македонија со тоа што велат дека сите политичари се исти. Јас сакам да кажам дека не само што не сме сите исти, туку ние сме многу поразлични. Не можам јас да бидам ист со Димитар Ковачевски, бидејќи стојам позади Гордана Силјановска. Не може да биде Гордана Силјановска иста со Стево Пендаровски, бидејќи позади Стево Пендаровски стои Али Ахмети. Не сме сите исти. Многу сме различни и затоа овие историски моменти кои се случуваат, оваа масовно обединување кое се случува во Македонија помеѓу ВМРО-ДПМНЕ, коалицијата Твоја Македонија и народот ќе остане забележано и јас сум убеден дека на 8 мај ќе ставиме точка. Точка на една нова голема историска победа со 61 пратеник во македонскиот парламент.”
-рече Христијан Мицкоски од Могила.
На митингот на караванот на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата “Твоја Македонија” свое обраќање имаше и кандидатката за претседател на Република Македонија Гордана Сиљановска Давкова која зборуваше за потребата од промените кои што и тоа како им се потребни на граѓаните на МАкедонија за да се овозможи подобра и посветла иднина за сегашните и одните генерации.
“Тие никогаш нема да бидат тоа што сме ние! На 8 мај со ваша помош, со ваш и со Божји благослов ќе ни дозволите да покажеме дека оваа земја има иднина, овој народ заслужува да биде горд на своите претставници и оваа држава заслужува да биде твоја и ваша!
Времето на промените доаѓа, тоа бара знаење, посветеност, напорна работа и ние сме спремни за тоа! Крајно време е ние, луѓето кои ја бранеле оваа земја во историјата, ама и во поновата историја, да ги наградите како бранители. Заслужуваме, после овие тажни и мачни седум години да прославиме почеток на новото време!
Ние сме посветени на македонското национално единство, ние си го обединуваме народот, сами
сме обединети, насмеани, се поддржуваме зашто си веруваме едни на други!”
-соопшти Гордана Сиљановска Давкова пред граѓаните на Могила.
Пред присутните на митингот се обрати и носителот на кандидатската листа на пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата “Твоја Македонија” во Четвртата изборна единица Александар Николоски
Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на ИЕ 4 на денешниот митинг во Могила во рамки на парламентарната и претседателска кампања порача дека на сите им е јасна победата на ВМРО-ДПМНЕ и на претседателските и на парламентарните избори на 8 мај.
-Мислам дека на сите им е јасно дека победата е јасна и на претседателските и на парламентарните избори и ни остануваат уште неколку пречки на патот кој мораме да ги прескокнеме, рече Николоски.
Николоски во текот на своето обраќање побара сите граѓани да излезат да го остварат своето право на глас, затоа што седењето дома не е опција.
-Првата пречка поради која ние е потребна масовна референдумска излезност во однос на претседателските избори е да ги анулираме сите сценарија на оние кои не се откажуваат од власта, пред се тука мислам на политичката парија ДУИ која што подготвува бојкот на претседателските избори. За да не им успее бојкотот потребно е секој еден од вас да поразговарате со сите кои ги познавате и сите да излезат на гласање. Останување дома не е опција на овие избори, затоа што на 8 ми мај треба да избереме претседател на Македонија со најубедлива победа до сега, кажа Николоски.
Потоа Николоски посочи дека втора пречка која треба да се надмине и кои сите ја посакуваат е да се има цврста, стабилна влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ со силно мнозинство кое нема да биде уценувано во Собранието.
-Втората пречка која треба да ја надминеме и кои сите ја посакувате е да имаме цврста, стабилна влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ со силно мнозинство во Собранието кое нема да биде уценувана од никого. Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, влада без СДСМ, влада без ДУИ, влада без постојните коалициони партнери кои што ја уништија Македонија, кои што камен не ставија во општината и затоа е потребна исто така референдумска излезност, вели Николоски.
И на крај според Николоски трета пречка која треба да се надмине е да се реши криминалот и корупцијата.
-Третата пречка која што треба да ја надминеме заеднички е решавање на криминалот и корупцијата. Еден од најголемите избори на криминал и корупција е на неколку километри оттука, се вика РЕК Битола, дувлото на криминалот и корупцијата во моментот во Македонија, каде што заеднички крадат и СДСМ и ДУИ, дури и во моментот, во последните денови од власта се обидуваат вашите, народните пари, додаде Николоски.
Николоски од Могила порача:
-И последното најбитното, да реализираме што повеќе проекти за општина Могила и за целиот овој регион. Градоначалникот прави максимум, јас би сакал да му честитам. И со поддршка од владата сигурен сум дека ќе направиме многу, многу повеќе.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Потпишан Меморандум за соработка помеѓу министерствата за здравство, образование и социјална политика за рана интервенција во детството
Министерство за здравство: Четворица пациенти од пожарот во Кочани се враќаат во земјава, во странски медицински центри остануваат уште 11 пациенти
Перински во Крива Паланка: Со регионална соработка до нов урбан зелен парк за граѓаните