БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Мицкоски од Велес: Концептот за развој на Македонија го правиме во соработка со граѓаните и бизнис заедницата

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски заедно со високи партиски пртетставници денеска беше во посета на Велес во рамки на актуелната партиска активност за посета на секое населено место на секој дом од страна на претставниците на највисоките тела во ВМРО-ДПМНЕ.

Во рамки на повеќето активности кои што Мицкоски ги имаше во Велес во текот на денешниот ден тој оствари и повеќе работни средби со претставници на стопанството во оваа Македонска општина која е една од поголемите во државата по стопанска активност.

Во продолжение ја пренесуваме изјавата на Христијан Мицкоски дадена дадена за јавноста во прилог на оваа посета:

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

“Во текот на денешниот ден сме во Велес. Продолжуваме со акцијата „Обновата пред вашиот дом, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во вашиот град“. Разговараме со неколку целни групи.

Денеска во Велес ќе посетиме два стопански производни објекти, дел од програмата којашто е во завршна фаза и којашто сме убедени и гарантираме за нејзиниот квалитет дека ќе понуди решение за многу реални проблеми коишто во изминатиот период ги слушнавме од страна нашите соговорници, а се однесуваат на подобрување на условите за водење бизнис во Република Македонија. Но, она коешто исто така е за нас важно, да дел од искуствата коишто ете претприемачите од велешката општина ќе ни ги пренесат, да видиме дали и како можеме да ги вклопиме во концептот на нашата предизборна програма.

Концепт којшто сме убедени дека ќе понуди како што кажав решение за овие реални проблеми. Но, истовремено во текот на денот ќе имаме состаноци и со просветните работници. Изминативе денови во Гевгелија разговаравме со здравствените работници, претходно разговаравме во Радовиш со камионџиите, понатаму со фелата, со занаетчиите во Прилеп. Продолжуваме во деновите коишто следат да ја презентираме нашата програма.

Веќе од ова недела ќе имаме и јавна промоција на дел од тие мерки, посебно оние кои што се однесуваат на бизнисот. Се надеваме на програма и одзив од страна на нашите соговорници коишто ВМРО-ДПМНЕ ќе може да ги вклопи во периодот којшто следи и ќе ги понуди за граѓаните на следните предвремени парламентарни избори во којшто очекуваме да обновата на Македонија победи и поднесе победа која што ќе биде историски најголема во независна и суверена македонска држава. “

Исто така во продолжение го пренесуваме неговото соопштение до јавноста со посебен акцент на посетата на деловните субјекти во Велес кои допринесуваат во економијата во општината:

“Имав средба со стопанствениците во Велес. Овој град заслужува поголемо внимание и инвестиции. Моторот на една економија се инвестициите во која мора поголем ангажман да даде и владата.
Програмата која ќе ја понудиме на граѓаните ќе понуди многу конкретни проекти но и мерки кои ќе бидат наша стратешка определба. ВМРО-ДПМНЕ во 4 годишниот мандат ќе реализира проекти, капитални инвестиции за развој на Македонија во вредност од не помалку од 2 милијарди евра. Странски инвестиции, домашни инвестиции, во вредност не помала од 4 милијарди евра, и секако враќање на рамниот данок и сукцесивно намалување по половина процент секоја година повеќе од милијарда денари назад во бизнисот. Како ќе го направиме сето ова, прецизно ќе биде обработено во програмата која следи. Македонија може и има шанса. Следуваат промени и обнова која доаѓа! “

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace