Македонскиот Премиер Христијан Мицкоски денеска на пригоден свечен настан во Охрид го одбележа започнувањето на реконструкцијата на аеродромот Св. Апостол Павле.
“Денеска присуствував на започнување на реконструкција на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид.
Со оваа реконструкција на охридскиот аеродром се зголемува самиот капацитет, квалитет и се надевам дека во рамките на предвидениот рок тоа ќе биде завршено.
Би сакал да изразам исто така големо задоволство што во првите два месеци од годината на скопскиот аеродром имаме зголемување од 30% на патници, на охридскиот аеродром околу 20% на патници и кога сето ќе се спореди со некои минати времиња очекуваме двоцифрен процент раст оваа година на патници на двата аеродроми и на скопскиот и на охридскиот.
Она коешто исто така сакам да го напомнам е дека разговараме и работиме со голем број туроператори коишто организирано треба да носат туристи на охридското крајбрежје.”
-напиша на социјалните мрежи Премиерот Мицкоски.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Битола во знакот на мајчинството: dm и „Матрона“ ги собраа идните родители на едукативна средба со стручни лица
Божиновска: Се работи забрзано на енергетско поврзување со регионот, клучен приоритет-енергетската стабилност
Приведена 28 годишна жителка на Крива Паланка поради спречување на вработени во АХВ при заловување на крупен добиток