Денеска на прес конференција од партиското седиште, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски најави повеќе капитални инфраструктурни проекти кои се од значење на државата а ќе се најдат во партиската програма за претстојните предвремени парламентарни избори со кои опозициската партија ќе ја бара довербата на граѓаните.
Притоа Мицкоски за реализација на целосна обнова на руинираната патна инфраструктура ги спомена помеѓу другите и општините Делчево, Берово, Пехчево и Пробиштип како општини во кои целосно ќе се реконструираат регионалните патишта.
Притоа најави изградба на нови 150 километри експресни патишта низ целата држава како и изградба на автопат од Скопје до Битола.
На денешната прес конференција Претседателот на опозициската партија изнесе само дел од проектите кои што ќе бидат застапени во програмата која според најавите се предвидува да биде најобемна програма на капитални инвестиции и економски мерки за обнова на Македонија.
Во продолжение го пренесуваме интегралниот текст од прес-конференцијата на Мицкоски:
“Македонија со Заев стана држава на апсурди во која премиерот кој владееше три години со неправда се свести пред избори дека требало правда.
Апсурди во која владејачката партија поседува штаб за креирање на кризи, во исто време кога кај нас работи штаб за креирање на проекти и програма.
Но јас нема да влегувам во неговата кал, ниту пак да се занимавам со кризи. Јас ќе говорам за тоа како ќе ја промениме реалноста, како ќе излеземе од кризата во која не туркаат, како ќе решиме што повеќе проблеми и ќе донесеме обнова која ќе значи повеќе за секого, за секој еден човек, за секој еден бизнис во земјава. Повеќе правда, повеќе економија, повеќе сигурност и надеж.
Мојот главен фокус ќе биде она каде сега сме најслаби, а тоа е економијата. Таа е фундаментот за добриот живот. Нема развиена економија без добра инфракструктура. Ќе промовирам денес 12 нови проекти кои ќе бидат дел од обновата кон која се обврзуваме од областа на транспортот и инфраструктурата.
Затоа:
Се обврзуваме на обнова која ќе донесе автопатско поврзување на Скопје со Битола, тоа ќе значи градба на нов автопат од Велес преку Прилеп до Битола. Ќе изградиме автопат по кој од Скопје до Битола ќе се патува за час и половина. Ова значи нова патна артерија, нов коридор односно ново автопатско поврзување од Велес, Чашка, Прилеп па се до Битола, кој е од стратешко значење за Пелагонискиот крај и еден милион граѓани. Воедно ќе го доизградиме сето она што е започнато т.е. автопатите кои што ги започна и предвиде Владата на ВМРО-ДПМНЕ, автопатот Кичево – Охрид и автопатот Скопје – Блаце.
Се обврзуваме за обнова која ќе донесе нов асфалт за регионални патишта во државата. Да нема неасфалтиран регионален пат, односно целосна реконструкција на повеќе од 1.000 километри регионални државни патишта. Ова значи за еден мандат ќе го замениме целиот дотраен асфалт на сите регионални патишта во земјава, односно до Берово, Дојран, Делчево, Пехчево, Пробиштип, Ресен, Дебар, Кичево, Македонски Брод и останатите градови ќе се вози низ целосно нов асфалт.
Се обврзуваме за обнова со која ќе донесе 2 милијарди евра за инвестиции во патишта. Овде пред се спаѓаат инвестициите и градбата на автопатиштата, експресните и регионалните патни правци. Значи за еден мандат инвестиција од минимум 2 милијарди евра што ќе биде значителна финансиска инекција за градежниот сектор.
Се обврзуваме на обнова која ќе значи изградба на 150 километри експресни патишта низ целата држава.
Се обврзуваме за обнова која ќе значи изградба на нов експресен пат од Куманово до Крива Паланка. Ова ќе значи целосно поврзување со експресен пат, со широк и безбеден коловоз Куманово со Крива Паланка за посилен економски развој на овој дел од Македонија.
Се обврзуваме за обнова која ќе значи изградба на нов експресен пат од Битола до Грчка граница, што ќе значи дека покрај тоа што од Скопје до Битола ќе имаме автопатско поврзување со градба на автопатот Велес – Прилеп – Битола, од Битола до Грчка граница ќе се вози по нов експресен пат.
Се обврзуваме на изградба на нов експресен пат од Струмица до границата со соседна Бугарија. Ова ќе биде особено важно за развојот на Струмица, Ново Село, Василево, Босилово и околината. Воедно се обврзуваме и завршување т.е. довршување на експресните патишта кои ги започна и за кои што проектирањето го заврши и го обезбеди финансирањето претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ. Односно доградба на експресниот пат Штип – Кочани, експресниот пат Штип – Радовиш и експресниот пат Градско – Прилеп. :
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Лишени две лица во Скопје, фатени како предизвикуваат пожар
Нова дигитална услуга на МВР, една од најбараните: Уверение за жителство за моментална адреса на живеење
Монструм од Ново Село ја врзал својата 11 годишна ќерка која плаче и моли пред камера