БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

“Напумпани” цени на улични светилки причина за можен криминал при Оглас за ЈПП во Општина Штип?

Пренеси го гласот

Денеска на прес конференцијата од опозициската ВМРО-ДПМНЕ ја алармираа јавноста во Штип за индиции за постоење на противзаконски дејства на локалните власти во Штип што се однесуваат на постапката за реализација на постапка за избор на Јавно-Приватен партнер за стопанисување/одржување на уличното осветлување во Штип.

Советникот во Совет на Општина Штип од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Љубе Здравков изнесе сомневања дека општината не ги почитува одредбите на изработената Студија за оваа намена во која што се предвидени 2.23 милиони евра и распишала јавен оглас во износ од дури 3.68 милиони евра, што е драстично поголема сума од онаа што е предвидена со студијата.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ ги повикуваат надлежните органи во државата да се позанимаваат со овој случај со што би се расчистиле ваквите дилеми во јавноста.

Во продолжение во целост ја пренесуваме прес конференцијата на Љубе Здравков:

“По кој знае кој пат, ќе се случи очигледен криминал во локалната самоуправа. Неодамна е распишан повик за приватен партнер, кој треба да обезбеди квалитетно улично осветлување во Општина Штип за наредните 12 години. Меѓутоа, желбата за лично богатење кај одредени индивидуалци, како и целокупната документација, недвосмислено откриваат милионски криминал! 

Препораките напишани во студијата не се почитуваат во веќе објавениот повик. Имено, студијата дава проценета вредност на проектот од 2.230.000 евра, меѓутоа општината не ја почитува истата и распишува тендер со вредност на проектот од 3.680.000 евра. Дури да се земат во предвид и дополнителните работи кои ги предвидува општината, сепак оваа сума неколкукратно ја надминува реалната цена на пазарот. 

Ако Студијата предлага вкупна цена на една светилка со монтажа за 250 евра, кое е исклучително висока сума, а се предвидува да се заменат 4.415 светилки, се стигнува до износ од 1.103.750 евра.  

Очигледно, неколкуте набројани износи не се поклопуваат едни со други и наведуваат на несомнен криминал. 

За ситуацијата да биде уште потрагична 

  • се предлагаат сијалици кои се дупло послаби од постоечките,  
  • општината ќе биде задолжена за промена на столбовите,  
  • плаќањето на обврските кон ЕВН ќе продолжи да биде на товар на граѓаните. 

Доколку резимираме, овој проект е од интерес само на неколку високо поставени функционери во власта. Граѓаните повторно ќе имаат празни џебови и лошо добиени услуги, ни помалку, ни повеќе туку 12 години! 

За утврдување на вистинитоста на погоре кажаното, ги повикуваме властите итно да поткренат истраги за милионските тендери во Општина Штип, при што ќе се потврдат сомнежите дека ова е криминал од невидени размери.  “

Креирано од:


Пренеси го гласот