Вистинскиот пад на секоја власт започнува во моментот кога ќе се судри со учениците, студентите, наставниците и професорите…
Реформите кои ги предлага Мила Царовска во образованието ќе ја удрат од ѕид, а поддршката со која сака да ја манипулира Македонската јавност дека ја има за овие реформи е од типот “Јас тебе војводо, ти мене сердаре”. Ваквата реформа доколку продолжи да ја турка Царовска ќе доведе до нова револуција која ќе резултира со нејзина оставка и пад на оваа влада. Најголемата проблематична идеја е што со ваквите реформи Мила Царовска предлага учебниците да заминат во историјата а наставниците да предаваат материјал кој што самите го подготвиле.
Ова се главните аспекти на делот од интервјуто на Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во емисијата “Што не е јасно” на телевизија АЛФА, каде зборуваше за актуелната т.н. реформа на Мила Царовска во образованието.
“Мила Царовска води политика “Јас тебе војводо, ти мене сердаре”, односно си ги собира пајташите од СДСМ и тие и’ велат – Леле министерке колку добро ја смисли реформава, како успеавте вака да составите реформа, нема никој толку брилијантен ум како вашиот.
Реалноста е дека тоа е најкатастрофалната идеја која што влегла во процес било кога во образование. Не знам јавноста дали знае дека еден од предлозите на Мила Царовска е од први септември да нема учебници во училиштата. Односно секој наставник сам да си прави програма и да предава. Не знам тоа како ќе изгледа . Веројатно сите родители кои што го гледаат ова ќе треба да се загрижат како нивните деца ќе учат ако немаат учебници, затоа што основно помагало за учење е учебникот, од каде инаку ќе учат.”
“Не е идејата дали ќе има електронски учебник или хартиен, туку нема да постои учебник како форма. Знам дека ова е малку несфатливо што го кажувам. Како е возможно да имате образование а да немате учебник, но клучната идеја во реформата на Мила Царовска е нејзиниот предлог да нема учебници- ни хартиени ни електронски, никакви… односно идејата е секој наставник посебно во секое училиште да проценува што треба да ги учи децата.”
-соошти загрижувачки Николоски при што на јавноста преку илустрирачки пример ја објасни намерата на Министерката Царовска:
“Значи еден наставник во петто А по географија едно, друг наставник во петто Б ќе ги учи друго во основно училиште XY а во другото основно училиште во петто А ќе ги учи трета работа а во петто Б ќе ги учи четврта работа. И кога ќе се најдат 4 деца од две различни училишта од различни одделенија но иста година, нема да знаат иста работа. Односно веројатно нема да знаат ништо, затоа што не знам од кај ќе предаваат наставниците ако немаат учебници.”
“Тоа е брилијантната реформа на Мила Царовска која што решила по секоја цена да прави реформи.”
Притоа врз основа на искуствени параметри од минатото Николоски го предвиде рушењето на министерувањето на Царовска како Министер за образование и наука, како и пад на целата влада на Зоран Заев.
“Мој совет е да се повлечат од ова затоа што ќе се удрат силно од ѕид. Не постои власт во светот, не во Македонија која што успеала да се избори со ученици, студенти, наставници и професори. Таква не постои. Јас така и сум почнал со јавен активизам. Бев помеѓу 2000 и 2002 година Претседател на средношколската унија на Македонија и знам тогаш какви реакции, какви протести правевме пред се кон моделот на запишување во високото образование кога се плаќаа партиципации од 1200 односно 2400 марки а после евра за да се запишете на факултет. Ние се боревме во тој момент против таа политика, таа политика ја срушивме затоа што никој не може против студенти и против ученици.
Мила Царовска ова не може да го истера, односно ако проба ова да го тера ќе и се случи револуција која што ќе води кон нејзина оставка и кон пад на владата. Се различно од тоа ако мисли дека може да го направи, се лаже сама себе. И пред нејзе други мислеа дека можат да направат па завршија како што завршија.”
-заврши Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ во врска со овој дел од интервјуто.
Целото интервју со Николоски можете да го погледнете во продолжение, а делот каде тој зборува околу реформите на Мила Царовска може да се погледне помеѓу 25.45 и 30. 25 минута:

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Историскиот антагонизам меѓу двете држави се надминува? Бугарија ја одобри еколошката студија за изградба на патно поврзување меѓу Струмјани и Берово
Во с. Драгобраште, виничко уапсени 26 годишник од Делчево и 24 годишник од с.Вирче, делчевско
Карл Јунг – патот преку поучни приказни, како дел од неговата книга „Сеќавања, соништа, рефлексии“