БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Шеќеринска меѓу редови призна дека погрешила. Време е да си поднесе оставка како што е пракса во демократските земји

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

По подолго време прозивки и апели од страна на Драган Ковачки, Радмила Шеќеринска да се произнесе во врска со скандалот во кој беа вратени високи воени претставници на Македонија од командата на НАТО, конечно се јави најодговорното лице во Министерството за одбрана со свое индиректно признание дека погрешила во својата работа.

Ковачки кој најпрво преку социјалните мрежи го обелодени овој скандал, а потоа имаше и неколку прес конференции на оваа тема во изминатиот периодконстатираше дека после 11 дена молк и инсистирањата на него и опозициската ВМРО-ДПМНЕ да се произнесе Шеќеринска, таа сепак се одважила и соопштила дека во наредниот период нема да брза со избор на нов кандидат за воен претставник во НАТО.

“Конечно!

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Добивме одговор дека некој некаде погрешил во процедурата за избор и испраќање на нашиот највисок воен претставник во НАТО. Во духот на “транспарентоста и отчетноста” пред јавноста, на Шекеринска и’ требаа цели 11 денови и постојан притисок за да се одважи и да меѓу редови каже дека сепак погрешила. После 11 дена молк и игнорирање од страна на Министерот за одбрана, денеска слушнавме дека овојпат нема да брзала со избор на ново лице – кандидат, туку ќе почекала додека не завршат сите процедури за сите кандидати што барале НАТО безбедносни сертификати, па од нив ќе бирала кој ќе замине во НАТО.

Со самото тоа се потврдува нашата теза дека првичното номинирање и избор на кандидатот било грешка и истото се должи на непрофесионалност и на политизација на процесот, односно на субјективизам при одлучувањето. Е сега, останува да се понесе одговорност за јавната бламажа на Македонија на меѓународна сцена и да се утврди зошто, кој и каде погрешил.”

-соопшти Драган Ковачки и ја повика Шеќеринска да си поднесе оставка за нарушувањето на угледот на Македонија пред НАТО партнерите, како што тоа е пракса во демократските држави:

“Секако, Министерот за одбрана е таа која мора да понесе политичка одговорност и да поднесе оставка како што тоа би било случај во било која држава од цивилизираниот, односно демократскиот свет.

#Оставка“

Креирано од:


Пренеси го гласот