Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во Македонското Собрание Миле Лефков преку свое соопштение во јавноста информираше дека со поддршка од сите пратеници беше усвоен Кодексот за етичко однесување на пратениците.
“Денес, на предлог на Претседателот на Собранието, со консензус и заедничка волја на сите пратеници, во Собранието го донесовме Кодексот за етичко однесување на пратениците – значаен акт, усогласен со препораките на ГРЕКО и подготвен со значајна поддршка од ОБСЕ/ОДИХР, NDI и Швајцарската програма за парламентарна поддршка.
Ова е важен документ на кој посветено работеше Комисијата за Деловничко-мандатни и имунитетни прашања, со јасна цел – зајакнување на интегритетот, одговорноста и враќање на довербата на граѓаните во Собранието.
Во време кога граѓаните очекуваат повеќе политичка култура, почит и одговорност, испраќаме порака дека околу вредностите и демократските стандарди можеме да бидеме обединети.
Честитки до сите колеги пратеници за поддршката и заедничкиот пристап во донесувањето на овој значаен документ”
-напиша на социјалните мрежи Миле Лефков- пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во парламентот на Република Македонија

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Поднесено обвинение за телесна повреда при семејно насилство во Битола
Предложен притвор за загрозување на сигурноста во Куманово
Потпишан петгодишен протокол за соработка со Универзитетот Тракија: обука за македонските здравствени работници во Едрене