Претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Кочани икој што беше на кандидатската листа за пратеници од Коалицијата за Обнова на МАкедонија Миле Лефков попладнево во јавноста упати свое писмено соопштение преку социјалните мрежи.
Истот го пренесуваме интегрално:
“Почитувани членови, симпатизари и подржувачи, почитувани, партиски членови на ИО и набљудувачи, немам зборови со кои можам да ви се заблагодарам за надчовечките напори вложени во целата кампања и во текот на вчерашниот ден! Неофицијално, резултатот е следниот:
Кочани, ВМРО ДПМНЕ 7171, СДС 7650, Левица 645…останати 706 глас!
Констатираме избори без јасен победник, иако владеачката партија, во Кочани, освои 479 гласови повеќе од листа на Коалицијата за обнова на Македонија, сепак имаме ситуација во која бројот на гласови на оние кои се против оваа власт се помногубројни од подржувачите на Заев!(+1351)
Ова е скапо платена лекција за тоа дека мора да престанат меѓусебните обвинувања во опозицијата и потребата од обедининување, во спротивно ќе имаме автократска власт подржана од малцинството!
Ништо не е изгубено, влегуваме во трка за формирање на влада, борбата продолжува!
Останете силни!👌🇲🇰”


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
По хуманитарната балетска претстава во Кочани: „Ballet Magnificat“ на средба со градоначалникот на Кочани Владко Грозданов
Библиотеката „Искра“ во Кочани го одбележа 23 Април – Светскиот ден на книгата и авторското право
Планинари, граѓани и службени лица на армијата и полицијата ќе маршираат заедно во чест на 150 годишнината од Разловечкото востание