Во изјава за АЛФА ТВ денеска пратеникот Антонијо Милошоски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ ги коментираше случувањата во врска со отварањето на клубот именуван по Ванчо Михајлов во Битола за време на изминатиот викенд.
За Милошоски спорен е изборот на Ванчо Михајлов да биде име кое ќе го носи овој културен центар, наспроти повеќемина други историски личности по кои би можело да биде именуван еден ваков културен центар.
Ние предупредувавме уште во 2017 година дека не треба избрзано потпишување на т.н. договор за добрососедство, туку дека треба квалитетен договор кој што може да создаде повеќе решенија а помалку проблеми. Со потпишувањето во 2017 година Заев, Стево Пендаровски, Никола Димитров и сите носат одговорност за овие проблеми што ни се случуваат денес. Македонија со случувањето во Битола покажа дека е територија без стопан.
-рече Антонијо Милошоски од Македонскиот парламент.
Целата изјава може да ја погледнете во продолжение:


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Миџкалис Рохас се сретна со невладини организации за да го презентира Извештајот на Европската Комисија за напредокот на Македонија
Обвинение за организација на борби со кучиња
Лишена од слобода радовишанка поради лажна дојава за бомба во училиште во Радовиш, поднесена е кривична пријава