БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Министерот Андоновски пред градоначалниците на ИПР од Делчево: дигитализацијата за граѓаните значи побрзи постапки, помалку хартија и чекање и поквалитетни услуги

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Денеска на почетокот на петтрата седница на Советот на градоначалници на Источен плански регион која што се одржа во Делчево свое обраќање имаше и Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски.

Тој во своето кратко обраќање направи сублимат на дел од политиките и проектите кои што ги реализира Министерството а со од директен интерес на градоначалниците т.е самите граѓани.

Тој во своето обраќање проговори за интензитетот и динамиката на реализација на процесот на дигитализација на услугите кои ги пружаат пред се националните институции кон граѓаните структурирани преку платформата www.uslugi.gov.mk како и сервисните центри кои што се отворени во повеже градови и лоцации во државата за доближување на овие услуги до граѓаните.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Министерот Андоновски ги презентираше резултатите за воведување на бесплатни интернет точки во повеќе општини во државата.

Исто така Министерот Андоновски зборуваше за претстојните насоки на развој на процесот за дигитализација преку платформата за интероперабилност на институционалните податоци и информации преку која општините ќе можат на брз и ефикасен начин да ги извршуваат за почеток дел од своите сервиси кон граѓаните.

-“Два проекти потекнуваат од платформата за интероперабилност, платформа на која веќе се имаат прикачено дел од општините. Еден проект кој нуди електронско собирање даноци, проект кој наредниот период го планира за реализација Минситерството за локална самоуправа, но за да се реализира, мора општините да се закачени на оваа платформа. Вториот проект се работи со УНДП и поддражан од Швајцарската и Шведската Влада, а се однесува за развој на електронски услуги за општините. Во овој проект веќе во првата фаза е Берово, а во втората фаза М. Каменица, Чешиново- Облешево и Вница. Платформата е целосно финансирана од Министерството, а дел од услугите на платформата се однесуваат за даноци, аплицирање за некои социјални услуги, правен статус на објекти, субвенции и сл. Третиот проект е за електронската архива за што имаат поднесено барање околу 10 општини. Со овој проект целосно се заменува хартиеното работењето и до крајот на годината се очекува на платформата да се прикачат 90 државни институции, вклучувајќи ги и општините, истакна министерот Андоновски”

-рече Министерот Андоновски меѓу другото на денешната седница во Делчево

Целото обраќање на Министерот Андоновски од денешната седница во Делчево може да го погледнете во продолжение:

Министерот Андоновски во врска со своето обраќање пред градоначалниците на Источниот плански регион сподели и своја порака преку социјалните мрежи чиј текст го пренесуваме интегрално во продолжение:

“Во рамки на посетата на Делчево, се обратив на седницата на Советот за развој на Источниот плански регион, пред градоначалниците и претставниците на општините.

Разговаравме за приклучување на општините кон платформата за интероперабилност и Националниот документ менаџмент систем – еДМС.

Интероперабилноста овозможува институциите безбедно да разменуваат податоци и да нудат услуги за граѓаните – побрзо и поефикасно. еДМС обезбедува целосна следливост на документите и предметите. Тоа значи побрзи постапки, помалку хартија и чекање и поквалитетни услуги.

Податоците треба да се движат, а не граѓаните.”

-напиша на социјалните мрежи министерот Андоновски

Креирано од:


Пренеси го гласот