БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Министерот Андоновски забрани уште 42 интернет коцкарници во Македонија

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски потпиша уште еден (трет) налог за забрана на 42 нелагални интернет коцкарници во Македонија.

 “Го потпишав третиот налог за забрана на нови 42 нелегални онлајн игри на среќа!

 Вкупно 268 нелегални страници за онлајн игри на среќа затворивме досега! И не запираме, ќе продолжиме и понатаму. Ова е наше ветување кое станува реалност! Ова е борба против пандемија на нелегални приредувачи на игри на среќа кои крадат од нашите граѓани, од најмладите, од незаштитените.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

 Затоа, повторно ги повикувам нашите сограѓани да ги повлечат средствата кои ги имаат депонирано на вакви страници за игри на среќа.

 Новиот Закон за игри на среќа, дополнително ќе се справува со сеприсутното рекламирање и лажното претставување на приредувачите на игри на среќа,”

-напиша на социјалните мрежи Министерот Андоновски.

Креирано од:


Пренеси го гласот