БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Министерот Наќе Чулев со мобилизација на сите одговорни структури во МВР во борба против заканата на Корона вирусот

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Техничкиот Министер за Внатрешни работи Наќе Чулев од изутринава е активно вклучен во низа организациони активности во структурите на МВР за следење на состојбите околу заканата од заразата со Корона вирусот и давање максимален напор за соодветен одговор на структурите на полицијата во насока на сузбивање на неповолната состојба.

Во продолжение во целост го пренесуваме соопштението на Министерот Наќе Чулев од утрово:

“🗣 Со цел тековно запознавање со состојбата, преземање мерки и активности, согласно задолженијата на Владата, а во насока на справување со Корона вирусот, утрово свикав координативен состанок со врвното раководството на министерството за внатрешни работи.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

👮‍♂️Министерството за внатрешни работи ги презема сите мерки и активности со цел заштита на граѓаните и полициски службеници. За таа цел формираме координативно тело кое ќе ја следи состојбата, а во текот на денот до медиумите и граѓаните ќе доставиме детална информација за активностите.

✅ Апелирам до граѓаните да бидат спокојни, Министерството за внатрешни работи ги презема сите потребни активности насочени кон соодветно постапување во вакви состојби.

👩‍🔬 Неопходно е Министерството за здравство посериозно да пристапи во процесот на обезбедување и набавка на соодветна опрема и истата да ја стави на располагање за заштита на вработените во МВР.”

Креирано од:


Пренеси го гласот