БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Министерот Тошковски денес ги посети ДПД и ТППЕ Kочани: Ќе направам сè што е во моја моќ за да ги поддржиме овие храбри луѓе

Пренеси го гласот

Денешната теренска агенда Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ја помина во општини и локации во нашиот Брегалнички регион. Претпладне Министерот Тошковски го посети туристичкиот Локалитет Пониква каде што присуствуваше на заеднички ручек со децата и семејствата на загинатите бранители.

“Жртвата која тие ја дале е најголемата, ултимативната, изгубиле свој близок во одбрана на татковината. Тоа ни создава залог и аманет секогаш да сме тука за нив, да ги почитуваме и да ги оствариме нивните барања во рамки на надлежностите кои ги имаме. Се потсетивме на хероите, чие дело не поврзува и обврзува,”

-пораче Министерот Тошковски од Пониква.

Во продолжение на неговата посета на Кочани Министерот Тошковски ги посети пожарникарите до Доброволното Противпожарно Друштво од Кочани како и службените лица од ТППЕ Кочани. Министерот Тошковски се запозна со капацитетите на овие две противпожарни екипи кои што беа најистурен фронт на пожарите кои што ја зафатија општина Кочани но и поширокито регион во изминатите години.

“Во рамки на денешниот престој во кочанскиот крај ги посетив припадниците на Доброволното противпожарно друштво Кочани и Територијалната противпожарна единица Кочани. Овие храбри луѓе, со огромна посветеност ги покриваат не само Кочани, туку и општините Зрновци и Чешиново-Облешево.

Со 324 пожари само во 2024 година, нивната одговорност е огромна, а меѓусебната соработка меѓу ДПД и ТППЕ е на завидно ниво. Имав можност да ги видам нивните ресурси, да ги слушнам предизвиците со кои се соочуваат и да разговараме за тоа како да изградиме поефикасен систем за справување со пожари и елементарни непогоди.

Јасно е дека се потребни сериозни системски реформи за да обезбедиме брза, ефикасна и координирана реакција во секоја кризна ситуација. Како министер ќе направам сè што е во моја моќ за да ги поддржиме овие храбри луѓе и заеднички да вложуваме во иднината на доброволните противпожарни друштва.

Благодарност до сите пожарникари и доброволци за нивната пожртвувана работа која е од непроценливо значење за безбедноста на нашите граѓани,”

-порача од Кочани Министерот Тошковски.

Креирано од:


Пренеси го гласот