БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Мирче Стојков со свој став во врска со случувањата околу назначувањето на Николчо Илијев повторно за кандидат на СДСМ за градоначалник на Кочани

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Интегрален текст на соопштението до јавноста на Мирче Стојков- Претседател на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Кочани:

“Почитувани

Николчо Илијев иако навидум сите не лажеше за тоа дека не сака да учествува во трка за втор мандат, овие денови е официјално промовиран од СДСМ. Неговата конекција со СДСМ не е многу силна, но затоа неговата врска со Заев е огромна. Тоа е личен сојуз на двајца транзициони олигарси. Сличноста е голема, гледајќи од повеќе аспекти. Двајцата ја искористија транзицијата да направат огромно лично богатсво за сметка на народот. Исто така ги изедначува и желбата за контрола на градежни дозволи, фабриките за марихуана и злоупотреба на позиција власт, за отварање на приватни објекти. Изгледаат наивно, манипулираат со граѓаните, а целите секогаш се лукративни. Недостатокот на странски инвестиции, отварање на нови работни места и реализирање на капитални објекти, Илијев се труди по секоја цена да ги покрие со аматерска инфраструктура. Пример за ова е градежната евтина козметика која се случува на градот Кочани, непосредно пред изборието. Градот се наполни со нефунционални, неправилно изградени и смешни кружни текови. Гледаме неспособност во справување се предизвици од безбедносен и егзистенцијален домен. Стандардот на граѓаните е жалосен, Кочанчани се посиромашни од било кога порано.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Почитувани ВМРО – ДПМНЕ во минатото покажа и докажа како се води држава и општина. Сетете се на Амфенол, Антура, економскиот раст кој беше реален, надежта која ја имавме дека работите одат на подобро во Кочани и Македонија.

Благодарам

Претседател на ОК ВМРО – ДПМНЕ, Кочани

Мирче Стојков””

Креирано од:


Пренеси го гласот