БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Наместо Меркел, синоќа во Скопје пристигна (верувале или не) Благој Бочварски

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Прошталната турнеја на “Западен Балкан” на “frau” Меркел во текот на вчерашниот ден започна во Белград, за денеска да продолжи во Тирана со официјални средби со водачите на Западен Балкан. Поради кои причини Меркел го одминува Скопје не е познато, но во јавноста се шпекулира дека доволно било што Меркел ја посети Република Македонија пред референдумот за промена на името во 2018 година.

Наместо германската канцеларка сепак Скопје можеше синоќа да се радува што на Железничката станица во центарот на нашата “претстолнина” и покрај ваквото одминување на Меркел на Скопје и кај нас пристигна нешто европско, а тоа е т.н. европски воз во рамки на турата “Connecting Europe express”. Со возот на радост на цела нација пристигна и нашиот Министер за трнспорт и врски г-динот Благој Бочварски, кој што беше присутен на Самит за развој на железничкиот сообраќај во земјите во “Западен Балкан”.

Овој самит за нашата држава беше од особена важност имајки предвид дека Македонија е заобиколена со проектот за изградба на брза железница кој што е финансиран со европски пари и кој завршува на нашата северна граница според досегашните планови и проекти за развој на истиот.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Креирано од:


Пренеси го гласот