БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Мисајловски: Угнетувањето спрема ВМРО трае со години и продолжува само за една цел

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

После разрешувањето со минатото кое го направи актуелното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, во изминатите две недели на фејсбук со своја порака се обрати и еден од Потпретседателите на Христијан Мицкоски кој ја искажа својата поддршка на Претседателот. Истовремено поранешниот Министер за транспорт и врски  укажа на главниот проблем пред кој е исправена Република Македонија во моментот.

Ова е неговата порака:

Вистинскиот политички противник на ВМРО-ДПМНЕ е СДСМ.
Државата оди во амбис.
Економијата пропаѓа, земјоделието е упропастено, нема ниту еден нов проект. Имаме економски и политички егзодус и на тоа мораме да му ставиме крај, а кој друг ако не ние.
ВМРО-ДПМНЕ за многу бргу ќе биде победничка партија, само обединети и сложни ќе тргнеме кон нови победи.
Претседателот има полна доверба од сите нас но и од граѓаните.
Ние мора да ги прифаќаме и критиките што се насочуваат кон сите нас од партијата бидејќи некогаш тие критики се добронамерни и доаѓаат од луѓе што го сакаат ВМРО и Македонија, а од друга страна тие критики треба да не направат посилни и помудри.

Мора да ги отвораме вратите за сите луѓе, секое зрно тежи во амбарот и сите ние мораме да се вложиме повеќе и заедно обединети да победуваме.

Постојано и постојано треба да се говори за ВМРО но никако не смее да се спомне за тоа што власта нема ниту еден капитален проект, постојано треба да се зборува и прогонува ВМРО но никако не треба да се зборува за уставните амандмани и промената на Уставот, постојано треба да се зборува за фабрикуваните и политичките процеси кон почесниот претседател, поранешни раководни лица, граѓани и патриоти само не смее да се зборува дека се менува името на нашата татковина Република Македонија.

Угнетувањето спрема ВМРО трае со години и продолжува само за една цел а тоа веќе му е на секој повеќе од јасно што е целта, но ние мораме сите да зборуваме за реалните теми и да ја критикуваме сите заедно оваа власт за да ја натераме барем нешто да работи во полза на македонскиот народ.

Македонија ќе победи !!!🇲🇰
ВМРО ДПМНЕ ќе победи !!!🇲🇰

-напиша на фејсбук Владо Мисајловски.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Креирано од:


Пренеси го гласот