БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Мизрахи: Неприфаќањето на нашите предлози од страна на владата ќе доведе до нови проблеми и незаштитени граѓани

Пренеси го гласот

Поранешната Министерка за труд и социјална политика која што беше неправедно разрешена од страна на Владата од својата позиција поради одбивање да постави табла за прес конференции во министерството на која што ќе стои незаконско променетото име на Република Македонија со терминот на с, упати своја критика кон владата за неприфаќање на предлозите на опозицијата во врска со вонредната состојба и справувањето со корона вирусот.

Притоа Мизрахи ја оквалификува состојбата во здравството околу недостигот на заштитни сретства и опрема за лекарите и останатите медицински работници како неповолна и одраз на целата немоќ на раководните структури во министерството.

Во продолжение ја пренесуваме реакцијата на Рашела Мизрахи во врска со оваа тема:

“Коронавирусот ја сруши сликата на општествен систем поставен на здрави нозе. КОВИД-19 ја покажа сета неподготвеност и лажна слика за состојбите во здравството.
Борбата против коронавирусот немаше да биде возможна без здравствените работници, но за жал власта затаи кога треба да им обезбеди средства и услови за работа.

Надменоста и неприфаќањето на предлозите и мерките ќе донесе до нови проблеми и незаштитени граѓани.
Само заедно ќе помогнеме да ја пребродиме кризата.
Само заштитени и соодветно опремени здравствени работници ќе можат ефикасно да се справат со коронакризата.
Наместо празни ТВ прес-конференции и реално ТВ шоу власта да преземе чекори и да нуди решенија.
#ЗатоаШтоЈаСакамМакедонија 🇲🇰”

Креирано од:


Пренеси го гласот