БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Чулев потпиша Меморандум за соработка со најголемата полициска асоцијација со што МВР се афирмира на меѓународен план

Пренеси го гласот

Министерот за внатрешни работи на Република Македонија Наќе Чулев денеска оствари работна средба со раководството на најголемата полициска организација во меѓународни рамки ИПА- Македонија.

Притоа од страна на Министерот Чулев беше потпишан Меморандум за соработка преку куј МВР на нашата држава ќе може да учествува на домашни и меѓународни активности кои се дел од програмските и стратешките определби на нашето министерство. Истовремено како дел од вака воспоставената соработка ќе биде овозможено користење на заеднички ресурси на МВР и УПА Македонија, што додава дополнителна вредност на оваа соработка.

Во продолжение го пренесуваме известувањето кое што Наќе Чулев го упати до јавноста во врска со оваа соработка:

“✋ Денес остварив работен состанок со раководството на ИПА Македонија при што потпишавме меморандум за меѓусебната соработка и спроведување на заеднички цели и активности.

ИПА е најголемата полициска организација и нејзиното есперанто мото “Servo per Amikeco” (услуга преку пријателство) достигна повеќе луѓе отколку што може да се замисли.

✍️ Меморандумот за соработка предвидува можност за заеднички учество на домашни и меѓународни активности, како и акции за подигнување на јавната свест, а во насока на исполнување на програмските и стратешките цели и определби на Министерството за внатрешни работи. Дополнително, се договоривме за взаемнаподдршка и взаемно користење на постоечките капацитети на двете страни.

Од денес и јас сум член на ИПА Македонија и за мене е вистински чест и задоволство да учествувам со свој придонес во исполнување на целите на оваа полициска оганизација.”

Креирано од:


Пренеси го гласот