БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Љубомир Цуцуловски: „МАЛА“ ТАЈНА И ГОЛЕМА ПАНИКА

Пренеси го гласот

Во што е „малата“ тајна? Таа е во следново. Во услови кога Собранието е самораспуштено, а во земјата е прогласена вонредна состојба, едните (т.н.р. извршна власт) запнале самораспуштеното Собрание по секоја цена да се состане. Собранието (законодавната власт), на чело со Талат Џафери, ни за жива глава не сака да се состане. Од трета страна, се вклучува и Стево Пендаровски, кој без каква било уставна основа ја продолжи вонредната состојба, меѓутоа под друга форма – не прогласил продолжување на вонредната состојба,туку прогласил само нова вонредна состојба!? Меѓутоа, битно е дека и тој бара Собранието да се свика, макар што не бил сигурен дали постои таква законска/уставна основа. Притоа, едните се повикуваат дека не постои законска основа самораспуштеното Собрание да се свика; други тврдат спротивно, трети креваат раменици – не се знаело како ова прашање е уставно регулирано(!?) Нормален човек нормално се прашув како оние, кои до вчера не почитуваа ни Устав, ни закони, ни процедури, токму сега инсистираат врз нив?

Одговорот на „малата“ тајна постепено станува јасен. Во услови на вонредна состојба и на самораспуштено Собрание сите одлуки, вклучувајќи ги и тие што се во доменот на Собранието, ги носи извршната власт или т.н.р. Влада. Според тоа, врз неа (во целост!) паѓа сета одговрноста за секоја донесена одлука. Значи сакаат, ако би можеле, да побегнат од одговноста, префрлувајќи ѝ ја на „воскреснатото“ Собрание. Пратениците (заедно со Талат) свесни се за ова и затоа пружаат отпор. Претседателот, исто така, знае дека одговорноста за некои одлуки (на пример, продолжување на вонредната состојба) паѓа исклучиво врз него. Значи, не сакаат да се откажат од власта, меѓутоа сакаат да се откажат од одговорноста. Нивната паника уште повеќе се зголемува, ако се има предвид дека нивните доскорешни ментори и стратешки партнери се наоѓаат во хаос и постепено распаѓање. ЕУ, особено после „пружената“ солидарност кон Италија, Шпанија или Португалија, практично не постои. Обединетото Кралство навреме се повлече. Новоизбраното раководство на ЕУ не знае што да преземе. Наместо унисоно однесување, секоја земја почна се однесува според свои правила и одлуки. Во оваа збрка, посебна приказна се замјите од Вишеградската група. Си тераат по свое. Згора на сѐ, Трамп не покажува особени симпатии кон ЕУ. Повеќепати остро ги искара. Веќе не го интересира ни ЕУ, ни нејзините маки, ни нејзината индустрија, ни нејзините интереси, бидејќи сака да ги среди САД и нејзините национални интереси. Да, нивните н а ц и о н а л н и интерси.

Во ваква ситуација кога дома, меѓутоа и надвор, владее хаос, или несинхронизираност, нормално е дека „нашите“ ги фаќа бескрајна паника – кому да се обратат, од кого да побараат помош („договорените“ респиратори, на пример, уште патуваат од Бразил) и каде, ако треба, да појдат/избегаат. Кај Меркел, во Австрија, кај Вучиќ, Северна Кореја или можеби во Обединетото Кралство, кое чека само на нив? Можеби во Италија или Турција, на која ѝ поставија, без пардон, блокада? Мислам дека „малата“ тајна, како и паниката, полека стануваат јасни. Нема законско бегање од одговорноста за тоа што се сторило, како и за она што не се сторило, а требало да се стори – барем малку покажана љубов и разбирање кон народот.

Креирано од:


Пренеси го гласот