БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Заев и Димитров криеле документ на официјална Бугарија со кој се негира Македонското малцинство и Македонскиот јазик

Пренеси го гласот

Шокантен документ излезе на виделина во јавност со кој што официјална Бугарија наметнува барање на македонските власти за негација на постоењето на “македонско малцинство во Бугарија” како и негирање на постоењето на “македонски јазик” а во комуникацијата на Македонија со Европската Унија да се користи само “службен јазик на Република (терминот на с) Македонија”. Притоа во овој официјален став на Бугарија се инсистира на продолжување и завршување на работата на меѓудржавната комисија за историски и едукативни прашања, каде како што е запознаена јавноста меѓудругото се бара откажување од припадноста на Гоце Делчев.

Ваквата официјална изјава на Бугарија е преточена во документ кој што е ставен на маса како дел од пакетот за усвојување на заклучоците на Советот на Европската Унија за проширување кон Македонија и Албанија. Овие пакет на заклучоци ќе бидат разгледувани пред наредниот состанок на Советот на ЕУ кога треба да се дефинира датумот за почеток на преговорите на Македонија и Албанија за пристапување кон ЕУ и истите ќе имаат сериозно влијание на утврдувањето на тој датум.

Овие информации наголемо се криеја досега од очите на Македонската јавност од страна на Никола Димитров кој иако ги имал ваквите информации ја манипулираше Македонската јавност во повеќе наврати дека Македонија го добила датумот за почеток на преговори само требало истиот да биде соопштен од страна на Советот на ЕУ.

Со тоа паѓаат сите лаги и манипулации на актуелната владина гарнитура која што го промени името на Република Македонија на противуставен, незаконски и нелегитимен начин наспроти волјата на Македонските граѓани искажана на Референдумот од 30 септември.

Дополнително со ваквата манипулантска и тајна политика на највисоко ниво предводена од СДСМ а пред се Министерот Никола Димитров наместо решавање на проблемите, оваа политичка гарнитура создава дополнителни проблеми кои што одат уште подлабоко на штета на националните интереси на Македонскиот народ и граѓани.

За оваа тема Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски зборува во своето последно интервју за порталот МКД.мк каде ја истакнува во својата фрапираност од ваквата калкулантска политика на Зоран Заев и Никола Димитров кои што ги кријат овие информации од јавноста во Македонија.

– Ние сме фрапирани што власта, пред сѐ Зоран Заев и Никола Димитров решија да го кријат овој документ од нас, како најголема политичка партија во Македонија и секако од јавноста. Скандалозен е обидот ова да се сокрие. Во една сериозна држава после ваков документ се отвора широка политичка и општествена дебата за да се одговори на истиот, се прави стратегија и се дејствува. Во Македонија ова се крие! Ние за овој документ дознавме од вас како медиум и во таа насока би сакал да ви честитам за отворањето на оваа исклучително значајна тема.

-вели Николоски во своето интервју за порталот.

Исто така Николоски реагира во однос на лукративните мотиви на Заев и Димитров да молчат за ваквите штетни резултати на нивната политика во изминатите 3 години со кои се руинираа сите меѓународни позиции на Република Македонија кои ги имаше стекнато државата во својата независност.

– Ние сме фрапирани што власта, пред сѐ Зоран Заев и Никола Димитров решија да го кријат овој документ од нас, како најголема политичка партија во Македонија и секако од јавноста. Скандалозен е обидот ова да се сокрие. Во една сериозна држава после ваков документ се отвора широка политичка и општествена дебата за да се одговори на истиот, се прави стратегија и се дејствува. Во Македонија ова се крие! Ние за овој документ дознавме од вас како медиум и во таа насока би сакал да ви честитам за отворањето на оваа исклучително значајна тема.

Креирано од:


Пренеси го гласот