Во рамки на своите работни активности денеска Министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи оствари средба со претставници на здружението “Полио Плус-движење против хендикеп” како и здруженијата „Хендикеп Плус“ и „Менуваме“.
На состанокот со претставниците на здружението “Полио Плус-движење против хендикеп” биле разменети информации и можности за надминување на проблемите кои во секојдневието ги имаат децата со попреченост и возрасните лица соинвалидитет.
Во продолжение во целост го пренесуваме соопштението на Министерката Мизрахи во прилог на оваа средба:
“Остваривме средба со претставници на Здружението ,,Полио Плус – движење против хендикеп”.
На средбата се запознавме со проблемите со кои се соочуваат децата со попреченост и возрасните инвалидизирани лица. Нашата заложба е изнаоѓање решенија за унапредувања на инидвидуалните и колективните права согласно Конвенцијата за правата на лицата со хендикеп.
Воедно се заложивме за изнаоѓање системски решенија за унапредување на социјалната сигурност за оваа група сограѓани.”
На состанокот со претставниците на здруженијата „Хендикеп Плус“ и „Менуваме“ било разговарано исто така за секојдневните проблеми на лицата чиј таргет се работата и активностите на овие две здруженија.
Во продолжение го пренесуваме и соопштението на Мизрахи во прилог на овие средби:
“Денеска остваривме средба и со претставници на здруженијата „Хендикеп Плус“ и „Менуваме“.
На средбата беа споделени проблемите со кои се соочуваат во секојденевниот живот, потребата од надминување на архитектонските бариери, пристап до објектите како и останати проблеми.
Претставниците на здруженијата сметаат дека државата треба да има поголем слух за нивните барања.
Едно од барањата е формирање на Регистар за лица со попреченост, поквалитетна здравствена заштита и вработување на поголем број стручни лица кои ќе им помогнат во олеснувањето на животот на овие лица.
Изразив подготвеност за понатамошна соработка и се заложивме како МТСП дека посветено ќе ги решаваме проблемите на овие лица со предлагање нови политики и законски решенија коишто ќе ги креираме заедно со претставниците на здруженијата и организации за лица со попреченост.”


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Службени лица на МВР и МЗШВ од Струмица и Берово помагале во пустошење на шумите во Малешевијата
Божиновска: Рубинот инспирација за иднината – уметност и геологија се споија со цел ресурсите да ги претвораме во знаење, вредност и иднина
Николоски: Автопатот Прилеп-Битола се гради со силен интензитет. Пелагонија ќе добие модерен автопат по сите стандарди за нов економски развој и посилна иднина на регионот