Во врска со вчерашната владина седница на техничката влада на чие чело стои Оливер Спасовски како технички премиер во Штип, од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Штип упатија своја реакција во јавноста:
“Вчерашната седница на Влада во Општина Штип пластично ни го презентираше начинот на работа. Пристигнување со луксузни автомобили – на сметка на веќе постоечкиот сообраќаен метеж; посета на привилигирани компании – на сметка на оние кои не добиле грант за иновации; демонстрација на божемна работа – на сметка на манипулативните проекти за брана на р. Отиња или жичара на Исарот…
Парадирањето пред граѓаните не ги решава нивните проблеми, туку само го зголемува бесот кон рекетарите во фотелји.
Штипјани веќе ја прочитаа оваа лоша игра на СДСМ, а вчерашниот нивен настап во нашиот град беше доказ за тоа што веќе се знаеше.”
-стои во реакцијата на ОК на ВМРО-ДПМНЕ ШТИП.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Директор на јавното претпријатие во Македонска Каменица осомничен за злоупотреба на службената положба и овластување
32 годишен штипјанец нападнал референт во ЈП “Национални шуми”
Кривична за 56 годишен беровец кој поттикнувал омраза на социјални мрежи