БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Молебден за Божји благослов за сите ученици, родители и наставници на почетокот на новата учебна година

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Денеска во храмот “Св. Наум Охридски” кој што се наоѓа во целината на соборната црква “Св. Кирил и Методиј” во центарот на Длечево се одржа молебден за Божји благослов, мудрост, здравје и успех за сите ученици во годината што претстои

Молебденот го одржаа свештеници од Делчевско- Каменичката епархија со кој чиноначелствуваше неговото Преосвештенствопо Епископот Делчевско-Каменички г. Марко.

“Света литургија и молебен за почетокот на новата учебна година во Делчево

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Денес, на 6 септември, во храмот „Свети Наум Охридски“ во Делчево беше отслужена Света Божествена Литургија, со која чиноначалствуваше Неговото Преосвештенство Епископот Делчевско-каменички г. Марко, во сослужение на свештенослужители од Делчевско-каменичката епархија и ереј Марко Здравевски од Скопската епархија.

Веднаш по завршувањето на литургијата, се отслужи молитвен чин (молебен) за благословен почеток на новата школска година.

На заедничката молитва се собраа бројни ученици, родители и наставници. Заедно со својот Архипастир, присутните упатија молитви за Божји благослов, напредок во науките, мудрост, здравје и успех на сите ученици во учебната година што претстои.”

-напишаа во сооптението упатено до јавноста од страна на Делчевско-Каменичката епархија

Креирано од:


Пренеси го гласот