БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

“Моторни песни” од Никола Јонков Вапцаров е едно од најзначајните поетски остварувања во Македонската историја

Пренеси го гласот

За време на својот живот, Никола Јонков Вапцаров објавил само една збирка поезија под наслов „Моторни песни“. По паѓањето на фашизмот во Бугарија постхумно била објавена збирката „Антологија“, како и книгата за деца „Пролет“.
Јазикот на кој Вапцаров ја пишува својата поезија е бугарски, но нејзината содржина е доминантно македонска.

Првиот циклус во збирката „Моторни песни“ е насловен „Песни за човекот“ каде обработува проблеми на работникот и на обичните луѓе. Тука се издвојуваат песните „Спомен“, „Писмо“, „Песна за човекот“ и др.

Вториот циклус носи наслов „Песни за татковината“.
Преку песните во овој циклус, Вапцаров се претставува како патриот — Македонец, особено во песните „Земја“, „Татковина“, „Ајдутска“, „Илинденска“, „Крали Марко“, „Мајка“, „Песна“ и други.

——————–

Песни за човекот

„Вера“
„Пролет во фабриката“
„Фабрика“
„Спомен“
„Романтика“
„Двобој“
„Писмо“
„Песна за човекот“

Песни за татковината

„Татковина“
„Земја“
„Песна“
„Татковина имам“
„Комитска“
„Ел-тепска“

Песни

„Ложачкоинтелигентска“
„Љубовна“
Песни за една земја
„Шпанија“
„Сон“
„Песна на другарот“
„Песна на жената“
„Писмо“

bregalnickimarketing

——————–

Вапцаров е еден од организаторите на „Македонскиот литратурен кружок“ во Софија, а од членовите бил сметан за „срж“ на кружокот. 1940 година ја издал својата прва и последна поетска збирка „Моторни песни“, со сопствени средства и само под името Никола Јонков. Тој бил еден од создавачите на списанието „Литературен критик“ кое трпело неколкукратни цензури, а набрзо билo забранетo.

Поради своите антифашистички активности и диверзантски акции Никола бил постојано следен и затворан. Бил интерниран три месеци во Годеч. По враќањето неговите активности уште повеќе се засилуваат. Станал еден од првите помошници на полковникот на советската армија Цветан Радојнов и работел активно како член на Бугарскта комунистичка партија.

И така сѐ до 4 март 1942 година, кога полицијата го затвора. Бил подложен на жестоки измачувања и заедно со Антон Попов, член на Македонскиот литературен кружок, бил осуден на смрт без право на жалба, од страна на фашистичкиот воен суд.

На 23 јули 1942 година во 21 часот и 10 минути, заедно со петмина свои другари е стрелан.

Креирано од:


Пренеси го гласот