Источна Македонија од Бугарската граница над Пехчево и Берово, преку Делчево, Виница, Зрновци, Кочани, Чешиново- Облешево, Карбинци, па преку Пробиштип, Кратово, Крива Паланка, Свети Николе, Штип и Велес, се до скопското предградие… целата е во боите на ВМРО-ДПМНЕ и Гордана Сиљановска Давкова.
Во Третата изборна единица победата на Гордана Сиљановска Давкова во првиот круг од Претседателските избори е толку голема што сите изгледи за некаков поволен резултат на вториот круг за Стево Пендаровски и СДСМ се длабоко потонати во безнадежност.
Ваквиот резултат во предност на бројот на гласови во корист на Гордана Сиљановска Давкова во голема мера се должи на темелната кампања која што ја спроведува тимот на професорката Гордана Сиљановска Давкова, во кој што еден од главните носители на кампањата беше Драган Ковачки. Како еден од најдобрите воени кадри кои што ги има Македонија со чин полковник и огромно теренско и оперативно искуство Драган Ковачки стана препознатлив по својата интензивна теренска агенда на крстосување на сите населени места во изминатите неколку години, не само во оваа предизборна кампања. Преку директниот контакт со граѓаните од непокорното Русиново во беровско, па се до клупите во Македонскиот Парламент, Драган Ковачки се претвори во безкомпромисен стожер на Македонскиот идентитет и вредности кои најубаво и најсилно од памтивек генерираат во Брегалничкиот регион.
Драган Ковачки во изминатиот период беше еден од ретките поединци на политичката сцена во Македонија кој што ги отвори и биеше бој со најсуровите и најскандалозните афери на власта на СДСМ и ДУИ, со што ВМРО-ДПМНЕ во неговиот лик и дело доби прекален борец за правда и заштитник на интересите на обичниот граѓанин и во најзафрлените села во периферијата на државата.
Токму затоа граѓаните во Ковачки гледаат свој пример, налик самите тие, свој заштитник и водач а со тоа следуваше и масовната народна поддршка на првиот круг за изборите на 24 април.
Принципиелноста, пристапноста и спонтаноста во комуникацијата на Драган Ковачки со својот народ од него изградија народен човек кој што без разлика на својот светски кредибилитет и професионален капацитет, има време и е подготвен да ја стегне испуканата раката на изнамачениот земјоделец било каде во државата, да пружи топла прегратка за радост и утеха на огромниот квантум на граѓани чија гордост и достоинство беа разнишани во изминатите години, да ги изговори најсилните зборови за утеха и да им влее надеж на сиот Македонски род.
Овој след на карактеристики во огромна мера наликуваат на оние кои што уште како деца сме ги слушале во приказните за Гоце Делчев чиј што животен пат во функција на слободата на Македонскиот народ многу често го носел во погоре споменатите места и општини во негово време.
Не е премногу ако се каже дека токму Драган Ковачки со неговото воено образование и теренската обиколка на Месните комитети на организацијата во огромна мера наликува на животниот пат на Гоце Делчев со местимични карактеристики на духот и идентитетот на народот со вредности кои што извираат и се манифестираат кај локалните жители по течението на реката Брегалница.
Ваквата нескромна аналогија е и тоа како оправдана, со оглед на пошироките геостратешки состојби надвиснати над Македонија како во Илинденската епопеја така и во овие денешни современи услови и премрежја во кои пропатува Македонскиот народ и самобитност.
Потребата од обединување на Македонскиот народ зад водството на своите првенци-водачи е од клучна улога во ова време-невреме, кога разни Алиевци, Борисовци, и останати волчји злокоби се тетерават над чистото и достоинствено Македонско битие насекаде низ државата….
Токму тоа обединување е насушна потреба да се случи уште посилно и уште помасовно на 8 мај кога целиот Македонски род ќе каже пред лицето на светот во каква Македонија сака да живее.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Комунизам преку анархија сака повторно да се наметне како фактор во државата
Зрелоста на раководството и професионалноста на полицајците не дозволија ескалација на меѓуетнички односи кои ретроградни структури ја посакуваат
Во спомен на Мето Јовановски: -Малиот човек може да создаде нешто вонвременски важно и големо и повторно да остане оној скромен и обичен човек кој што бил пред овој негов подвиг