По неколку реакции на жителите на делчевското село Габрово во јавноста во врска со немањето на улично осветлување подолг временски период во селото, со своја ракција во врска со несаканата состојба излегоа и од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Делчево.
Истата ја пренесуваме во целост:
“Почитувани, ова не се фотографии од најтемниот хорор филм кој некогаш бил снимен…
Ова се фотографии од центарот на село Габрово, чии што жители живеат заборавени од Горан Трајковски и Локалната власт во Делчево предводена од СДС.
Кога требаше да биде избран за градоначалник се расфрлаше со полна уста ветувања на сите страни, а денес во 21 век жители на нашата општина живеат како во праисторијата, без улично осветлување.
Иако Горан Трајковски наследи огромен проект за енергетска ефикасност од прекугранична соработка на општина Делчево со општина Благоевград, во уличното осветлување од претходниот градоначалник, незнаењето и неспособноста или пак незаинтересираноста на Трајковски “овозможи” животот за жителите на Габрово да дојде во ваков вид: како најцрна темнина!
И тоа баш пред нова година и Божиќ.
Засрамете се!
Доаѓа време на обнова! Штетите кои СДС ги направи и се уште ги прави се длабоки.
Потребно е сите заедно и обединети да се спротивставиме на ваквите катастрофални политики на оваа бандитска власт!
12 април е денот кога конечно ќе се ослободиме од Зоран Заев а потоа и од сите негови неспособни пајташи!
Во врска со овој случај упативме прашања до надлежните служби во општината да информираат за што точно станува збор и кога ќе биде овозможено нормално функционирање на уличното осветлување, а одговорот од нивна страна се уште го очекуваме.
Штом ќе добиеме информација истата ќе ја пренесеме во јавност.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Традицијата на боречкиот спорт во Карбинци има убава перспектива
Физички напад во угостителски објект во Штип
Расчистен запуштениот простор околу поранешниот хотел „Турист“