Брегалнички Портал

Вести од Брегалничкиот регион.

Муцунски: Палевски продуцираше омраза и против мојот татко а Инфомакс ја ширеше

Пренеси го гласот

Градоначалникот на Аеродром Тимчо Муцунски во своето гостување во емисијата “Заспиј ако можеш” на ТВ АЛФА сподели свој став во врска со неговото претходно лично семејно искуство во врска со нападите и ширењето на лаги и дезинформации од страна на осомничениот Љупчо Палевски.

„Љупчо Палевски пред година дена кога беше наелектрилизирана состојбата околу францускиот предлог и со право бидејќи е катастрофален предлог за кој и ние како партија сме се бореле, тогаш Љупчо Палевски објавува слика од мојот татко и вели дека ова е таткото на Тимчо Муцунски советникот на Бујар Османи кој го напишал францускиот предлог. Мојот татко не е советник на Бујар Османи, напротив е изолиран во неговата работа во Министерството за надворешни работи. Второ мојот татко го видел францускиот предлог истиот момент кога ние како јавност и го видовме. Потоа експресно тој портал Инфомакс ја рашири таа лажна информација која потекнува од Љупчо Палевски за да биде раширена огромна омраза спрема моето семејство и да добивам пораки со закани, значи систематски овие луѓе работеа на ширење на лажни вести и дезинформации и продолжуваат со тоа“,

-рече Муцунски.

Тој кажа дека сето ова е еден проект.

bregalnickimarketing

„Љупчо Палевски и сите овие луѓе кои велат дека се новинари, се проект кој добива финансирање од едно акционерско друштво во државна сопственост и тоа со тек на времето ќе се докаже“, заклучи Муцунски.

Креирано од:


Пренеси го гласот