Американскиот Стејт Департмент сериозно го размота клопчето со Црната Листа за личности од Македонија. Денеска е објавена веста дека поранешниот вице премиер во владата на Зоран Заев е ставен на Црната Листа на САД со што му е забранет пристапот во САД на него но и на неговото семејство.
Владата на Зоран Заев дојде на власт после обемните активности кои што беа спроведени преку разни протести, шарена револуција и формирање на СЈО, но епилогот од ваквите активности допринесе вице премиер од типот на Кочо Анѓушев да заврши на црната листа.
„Соединетите Држави го означуваат Кочо Анѓушев, поранешен вицепремиер на Северна Македонија, како генерално неподобен за влез во Соединетите Држави поради неговата вмешаност во значителна корупција. Додека ја извршуваше функцијата вицепремиер, Анѓушев ја злоупотреби својата службена положба во корист на неговите приватни деловни интереси и ја поткопа довербата на јавноста во Северна Македонија во владините институции и јавни процеси“,
-стои во известувањето на Стејд Департментот во врска со овој најнов развој на настаните

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Здравјето почнува со добри навики: dm поддржа панел за машкото здравје и понуди dmBio и Sportness закуски на Health & Fitness Forum 2026 во Скопје
Објавен е „Буле и Куле мамкини и таткини“ – роман за младешкиот бунт и светот на возрасните
Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026