После повече од 6 години централна власт во државата која е клекната на колена, СДСМ денеска излезе со сооптение дека формира т.н. Европски Фронт.
Владеачката партија повикува партии, невладини, активисти да им се придружат за остварување на “стратешката цел= членство во ЕУ во 2030 година”.
” СДСМ иницира формирање Европски фронт во којшто ги повикува да се приклучат сите политички субјекти, невладини организации, граѓански здруженија, активисти, граѓани, сите кои го поддржуваат европскиот пат и иднината на земјата ја гледаат како полноправна членка на ЕУ.
Заедно да ја оствариме стратешката цел: членство во ЕУ до 2030 година.
Европски фронт за посилен економски напредок, поголеми плати и пензии, врвна демократија, социјална правда и европски животен стандард со европски вредности.
Пред нашата држава и пред сите граѓани е историска шанса за продолжување на европскиот пат и полноправно членство во ЕУ со заштитен македонски јазик и идентитет.
СДСМ е подготвена во името на врвните државни и национални интереси и оди на двојна победа на претседателските и на парламентарните избори наредната 2024 година.
Заедно со Европскиот фронт да ја внесе земјата во ЕУ.”
-стои во соопштението на СДСМ упатено до јавноста

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Градоначалникот на Делчево Гоцевски оствари средба со активисти на невладината организација “Жена” од Делчево
Тошковски на промоцијата на Националната стратегија: Значително намален бројот на жртви во сообраќајот, Македонија во конкуренција за светско признание за сообраќајна безбедност на светскиот полициски самит во Дубаи
dm повторно го отвора еко-конкурсот „Зелена иднина: од градинка до училиште“ – пријавете го вашиот двор за раззеленување!