БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Доделени наградите од ликовниот конкурс на тема мултикултурализам 

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Под мотото Заедно за подобра иднина, на тема Мултикултурализмот во нашата заедница, Општина Кочани и Цивил – Центар за слобода, реализираа конкурс за ликовни творби за учениците од основните училишта во Кочани. 

Со цел да се поттикнат учениците да размислуваат за културните, етничките и верските различности и да градат култура на почитување на различностите, на ликовниот конкурс учествуваа 22 ученички и ученици од четири основни училишта во Кочани, од кои дванаесетмина беа наградени. 

Наградите на најуспешните ликовни творци им ги врачи градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов, на одбележувањето на Меѓународниот ден на лицата со попреченост. Притоа Папазов истакна дека солидарноста, хуманоста и уметноста се одличен спој постојано да работиме на отстранување на бариерите – физичките и психичките, и да градиме заедница без пречки. 

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Благодарност за соработката со Општина Кочани изразија претставниците на Цивил- Центар за слобода кои ги споделија пораките од организацијата и им доделија благодарници на сите учесници, на нивните наставници и на училиштата со кои соработуваа. 

-Извор: Општина Кочанни

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace