Верниците од муслиманската вероисповед денеска го слават празникот Курбан Бајрам. Со утринската молитва сабах-намаз, а потоа и со молитвата бајрам-намаз започнува тридневна прослава, во која почитта кон Алах муслиманите ја искажуваат со колење курбан.
Курбан Бајрам е 70 дена по првиот Бајрам во годината, Фит’р Бајрам, а го означува денот кога е комплетиран светиот Куран.
Хуманизмот, хармоничните односи меѓу луѓето, меѓу човекот и светот и стремежот кон мир и благосостојба, како основни принципи на Исламот, на Бајрам се исполнуваат со посетување на роднините и пријателите и со честитки и добри желби за секој намерник. Со овој празник се крунисува аџилакот, кој важи за петти темел на исламот, кој е доказ за солидарност и благосостојба.
Традиционално Курбан Бајрам денеска го одбележуваат муслиманските верници кои согласно обичаите ќе принесат жртва-курбан и ќе ги посетат сиромашните семејства.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
JO: Осомничени уште три лица во предметот „Адитив“ меѓу кои и претседателка на ДКСК
Вицепремиерот Николоски оствари средба со Стивен Даути, министерот задолжен за Европа и Северна Америка во Обединетото Кралство
43 годишен штипјанец нападнал полицаец додека вршел службени дејствија