БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

МВР противзаконски прогонува граѓани кои протестираат, ВМРО-ДПМНЕ ќе обезбеди нивна бесплатна правна помош

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Македонскиот народ во изминатите 8 дена јасно кажа НЕ на асимилаторскиот и понижувачки предлог со кој се блокира македонската интеграција во ЕУ, истакна на денешната прес-конференција Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение интегрален текст и видео од прес-конференцијата на Ковачки:

-Секојдневната масовна поддршка од интелектуалци, експерти за ЕУ интеграции, уметници, лекари, адвокати, припадници на безбедносните сили, односно од целиот македонски народ, е јасен сигнал што треба да направи Владата на Ковачевски.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Владата под итно треба да го отфрли овој предлог за кој најпрвин глумеше дека го одбила, за да после тоа на невидено да го прифати и да глуми некакви консултации со самопрогласени владини експерти кои се платени токму од Владата, односно од народот.

Народот на Македонија веќе и’ ги испорача потребните консултации на Владата, односно секојдневно кажува НЕ на бугаризацијата и бришењето и исчезнувањето на македонскиот народ.

И токму таа масовна поддршка и протестирање на мирен и достоинствен начин е вистинскиот одговор на сценаријата на МВР да преку инфилтратори го попречи народот да си го брани своето достоинство, јазик и корени.

Како власта станува понервозна притисоците на МВР се зголемуваат. МВР спротивно на закон поднесува пријави на лица кои учествуваат мирно и достоинствено во протестите и на блокадите. Овие притисоци нема да им поминат, затоа што народот храбро стои зад ставот НЕ на ултиматумите и уцените. ВМРО-ДПМНЕ ќе им излезе во пресрет со правна помош на граѓаните кои по овој основ добиваат пријави по насока од Спасовски.

Впрочем, од притисоците на Спасовски страдаат и припадници на МВР кои изминатите денови се прераспределуваат и казнуваат затоа што одбиваат да учествуваат во сценариото на власта за малтретирање на сопствениот народ. ВМРО-ДПМНЕ ги охрабрува припадниците на МВР да постапуваат по законот и да пркосат на заканите и уцените на раководството на МВР кои незаконски им ги упатуваат.

Што се однесува до доставениот лист хартија во Собрание, го повикуваме Талат Џафери како и до сега што враќаше предлози на закони за погрешна запирка или фрлаше амандмани на опозицијата во канта, да го врати листот хартија во Влада како некомплетен и понижувачки.

Уште еднаш јасно и гласно ја повикуваме Владата да го слушне гласното НЕ на македонскиот народ и на граѓаните на Македонија, а не да се обидува својата одговорност да ја префрли на Собранието, т.е. на пратениците-полтрони на власта кои се само гласачка машина и ништо повеќе.

Доколку Владата го отфрли овој предлог, ВМРО-ДПМНЕ ќе отстапи од барањето за брзи предвремени парламентарни избори”

-соопшти денеска на прес конференцијата пратеникот Драган Ковачки.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace