Триесет и петтото издание на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“, годинава ќе се одржи на 2, 3 и 4 октомври.
Настаните од меѓународната стопанско-културна манифестација ќе бидат лоцирани во Кочани и во селото Подлог, каде што на оризова нива ќе се изведе обичајот зажнејување.
На 2 октомври вечерта, во Градскиот парк во Кочани ќе настапат Антонија Гиговска и Влатко Стефановски, а на 3 октомври, сабота, со почеток во 11 ч., младата публика ќе ја забавува DJ Bono.
Општина Кочани наскоро ќе ги објави деталите од сите програмски содржини на овогодишната манифестација.




СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Здравјето почнува со добри навики: dm поддржа панел за машкото здравје и понуди dmBio и Sportness закуски на Health & Fitness Forum 2026 во Скопје
Објавен е „Буле и Куле мамкини и таткини“ – роман за младешкиот бунт и светот на возрасните
Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026