На 22 декември 2025 година (понеделник), со почеток во 10 часот, во салата на Советот на Општина Кочани во Мултикултурниот центар, Советот на Општина Кочани ќе ја одржи шестата редовна седница.
На предложениот дневен ред се следниве точки:
1. Предлог-финансиски план на ЈОУДГ „Павлина Велјанова“ – Кочани за 2026 година
2. Предлог-финансиски план на ЈОУ Библиотека „Искра“ – Кочани за 2026 година
3. Предлог-финансиски планови на општинските основни и средни училишта за 2026 година
4. Јавен повик за пројавување интерес за пријавување кандидати за избор на членови на управен и надзорен одбор на КЈП „Водовод“ – Кочани
5. Предлог-решение за формирање Комисија за селекција на членови на управен и надзорен одбор на КЈП „Водовод“– Кочани
6. Годишен план за вработување на ЈОУ Библиотека „Искра“ – Кочани за 2026 година
7. Годишен план за вработување на КЈП „Водовод“ – Кочани за 2026 година
8. Предлог-програма за работа на Територијалната противпожарна единица во општина Кочани за 2026 година
9. Предлог-програма за комуникација на Општина Кочани за 2026 година
10. Предлог-локален акциски план за еднакви можности на жените и мажите за 2026 година
11. Предлог-правилник за постапка и критериуми за распределба на средствата од буџетот на општина Кочани во областа на спортот
12. Предлог-програма за спорт на Општина Кочани за 2026 година
13. Предлог-програма за поддршка на образованието на општина Кочани за 2026 година
14. Предлог-програма за култура на Општина Кочани за 2026 година
15. Предлог-програма за спроведување општи мерки за заштита на населението од заразни болести на подрачјето на општина Кочани за 2026 година
16. Предлог-програма за остварување на социјална, детска и здравствена заштита на Општина Кочани за 2026 година
17. Предлог-програма за изработка на урбанистички планови и урбанистички проекти на подрачјето на Општина Кочани за 2026 година
18. Предлог-програма за управување со отпад на подрачјето на општина Кочани за 2026 година
19. Предлог-програма за јавна чистота на општина Кочани за 2026 година
20. Предлог-програма за уредување и одржување на градското зеленило на подрачјето на Општина Кочани во 2026 година
21. Предлог-програма за одржување на фонтаната „Зрно“ и фонтаната во Градски парк за 2026 година
22. Предлог-програма за контрола на популацијата на бездомни кучиња на територијата на Општина Кочани во 2026 година
23. Предлог-програма за тековно одржување на јавното осветлување во општина Кочани за 2026 година
24. Предлог-програма за активностите на Општина Кочани во областа на заштитата на животната средина во 2026 година
25. Предлог-програма за информатичка и комуникациска технологија на општина Кочани за 2026 година
26. Предлог-програма за активностите на општина Кочани во областа на локалниот економски развој во 2026 година
27. Предлог-програма за поставување урбана опрема на подрачјето на Општина Кочани во 2026 година
28. Предлог-одлука за сопствено учество – кофинансирање на проектот „Реконструкција на собирен резервоар и главен доводен цевковод за геотермална вода во геотермалниот систем Геотерма – Кочани“
29. Предлог-програма за одржување на сливните решетки за атмосферска канализација на подрачјето на Општина Кочани за 2026 година
30. Предлог-одлука за утврдување на потреба за изградба на објекти за потребите на општина Кочани
31. Предлог-програма за сообраќај на Општина Кочани за 2026 година
32. Предлог-програма за работа на Општински совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во општина Кочани за 2026 година
33. Предлог-програма за работа на Советот на Општина Кочани за 2026 година
34. Предлог-одлука за неусогласување на намените во идната урбанистичко-планска документација за бесправно изградените објекти на КП бр. 14673 КО Кочани (нови броеви на катастарски парцели КП бр. 14673/5 КО Кочани, КП бр. 14673/3 КО Кочани, КП бр. 14673/9 КО Кочани, КП бр. 14673/45 КО Кочани и КП бр. 14673/30 КО Кочани), чија намена не е во согласност со намената на земјиштето на кое се изградени објектите утврдена во важечката урбанистичко-планска документација
35. Предлог-одлука за неусогласување на намените во идната урбанистичко-планска документација за бесправно изградените објекти на КП бр. 4738/1 КО Кочани, чија намена не е во согласност со намената на земјиштето на кое е изграден објектот утврден во важечката урбанистичко-планска документација
36. Предлог-одлука за неусогласување на намените во идната урбанистичко-планска документација за бесправно изградените објекти на КП бр. 13298/2 КО Кочани, чија намена не е во согласност со намената на земјиштето на кое е изграден објектот утврден во важечката урбанистичко-планска документација
37. Предлог-одлука за проширување на планскиот опфат во идната урбанистичко-планска документација за бесправно изградени објекти на КП бр. 5683 КО Кочани, кои се изградени надвор од плански опфат
38. Предлог-одлука за проширување на плански опфат во идната урбанистичко-планска документација за бесправно изградени објекти на КП бр. 861/5 и КП бр. 3473 КО Тркање, кои се изградени надвор од плански опфат
39. Предлог-одлука за утврдување на Нацрт-детален урбанистички план за градска четврт 13 од ГУП за град Кочани, Општина Кочани
40. Предлог-решение за изменување на Решението за формирање Комисија за комунални работи, планирање и уредување на просторот и заштита на животната средина и природата
41. Предлог-решение за изменување на Решението за формирање Комисија за месна самоуправа и граѓански иницијативи
42. Предлог-решение за изменување на Решението за формирање Комисија за статут и прописи
43. Предлог-решение за изменување на Решението за определување членови на Советот на Општина Кочани кои ќе учествуваат во склучување на бракови во општината Кочани.
На крајот на седницата ќе се одржи расправа по Нацрт-буџетот на Општина Кочани за 2026 година.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Градоначалникот на Кочани Грозданов заедно со граѓаните ќе биде дел од чествувањето на Водици во понеделник
Министерката Весна Јаневска во работна посета на УГД – фокус на квалитетот во високото образование
Иван Гоцевски: Делчево е подготвено на повисоко ниво со низа настани да го чествува еден од најубавите христијански празници Водици