Пратеникот Бране Петрушевски во Македонското собрание од ВМРО-ДПМНЕ на прес конференција од прес центарот на партијата ја алармираше јавноста за финансиската дупка во буџетот на Лотарија на МАкедонија, констатирана од страна на Државниот завод за ревизија во нивниот извештај за работењето на оваа државна лотарија.
“ДЗР по извршената ревизија во Лотарија, за периодот на работа на раководството поставено од СДС и ДУИ, утврдило нереални и неоправдани сметководствени записи за нелогични трансакции во износ од близу 2 милиони евра.
2 милиони евра Перпарим Бајрами и Артан Груби, ги фалсификувале, злоупотребиле или прикриле. Сето ова, се случувало додека СДС биле со тилот свртени кон криминалот и немо одобрувале.
Јавноста заслужува одговори, дали СДС и ДУИ го дозволиле првиот од многуте криминали во Лотарија од 2 милиони евра? На кои сметки завршувале овие пари? Со кое право СДС го прикривал криминалот на кадарот на ДУИ? И зошто ЈО толку време немало постапено иако ние јавно баравме одговорност и за други предмети поврзани со Лотарија?
Ете како СДС и ДУИ ги раководеа државните институции, ги исцицаа буџетите, и ги испокрадоа парите, ги уништија претпријатијата.
Затоа одговорност мора да има, а сега го нема Коцевски да ги штити.”
-рече денеска на прес конференцијата Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Цветан Трипуновски: Со поддршка на европските партнери можеме да изградиме конкурентно, одржливо и модерно земјоделство во интерес на земјоделците
Се имплементира акцијата за чистење на општина Виница
Известување до јавноста – Проект „Безбеден град“