Општина Карбинци предводена од Градоначалникот Виктор Паунов, за своите сограѓани во пресрет на најлудата вечер во годината- Дочекот на новата година, организира повеќе културно-забавни настани преку кои што ќе ја подигне новогодишната еуфорија на повисоко ниво.
Тимот во општината предводен од Градоначалникот Паунов подолго време работеше на воспоставување на соработка со повеќе уметници, културни работници како и приватни компании, со цел да овозможи на сите граѓани на општина Карбинци да бидат дел од новогодишната магија во периодот кој следува.
Во рамки на предвидената програма ќе се реализираат неколку настани во повеќе денови со содржини кои што ќе го привлечат вниманието на сите генерации, од најмлади до повозрасни.
“Новогодишна еуфорија и во општина Карбинци! ![]()
Општина Карбинци организира неколку вечерни настани кои ќе бидат реализирани во рамки на програмата за култура, а влезот ќе биде бесплатен!
27.12.2025 од
18:00ч. Театарска претстава на театар Хит Скопје со темата ,,Мечето Панда и Дедо Мраз” во домот на културата во село Таринци;
28.12.2025 од
19:00ч. Stand UP со Бојан Велевски во домот на културата во село Таринци;
29.12.2025 од
16:30ч. Предновогодишен базар во дворот на општината, со многу подароци за дечињата и забава со познати ликови! ![]()
![]()
Ве очекуваме!
“
-стои во соопштението упатено во јавноста од страна на Виктор Паунов – Градоначалник на Општина Карбинци.
Инаку оваа програма се реализира со поддршка на општествено- одговорни приватни компании со кои што општината предводена од Градоначалникот Паунов остварува одлична соработка во интерес на заедницата а кои што ќе приредат повеќе изненадувања за дечињата и граѓаните.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Претстои реконструкција на игралиштата во ООУ „Св. Кирил и Методиј“
Полскиот амбасадор во посета на Општа болница Кочани
Градоначалникот на Делчево Иван Гоцевски дел од јавниот форум „Жените знаат што им треба“, во организација на Здружението „Гласен Текстилец“ во Штип