БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Најава за консултативен настан за измените и дополнувањата на Законот за локална самоуправа

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Утре понеделник (17.02.2025 година) со почеток во 10 часот, во хотелот „Александар Палас“ во Скопје ќе се одржи четвртиот консултативен настан за измените и дополнувањата на Законот за локална самоуправа.

Настанот ќе го отвори министерот за локална самоуправа, Златко Перински, а меѓу учесниците ќе бидат дел од експертскиот тим кој е вклучен во процесот, проф. д-р Александар Спасеновски, проф. д-р Гордан Георгиев и проф. д-р Мемет Мемети.

На настанот ќе присуствуваат и градоначалниците на скопските Општини, градоначалници на Општини од Скопскиот и од Североисточниот плански регион, претставници од УНДП, како и претставници од невладини организации.

Пред официјалниот почеток на настанот, предвидени се изјави за медиумите.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Настанот е организиран од страна на Министерството за локална самоуправа, со поддршка од проектот „Зајакнување на општинските совети“, финансиран од Владата на Швајцарија и Министерството за локална самоуправа, а кофинансиран и имплементиран од Програмата за развој на Обединетите нации – УНДП, во соработка со други национални институции и ЕЛС.Целта на овој настан е да овозможи активно вклучување на локалната самоуправа и невладините организации во процесот на подготовка на измените и дополнувањата на Законот, со што се обезбедува поголема транспарентност и инклузивност.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace
HTML Image as link Ваша идна дестинација за посета
An image from Squarespace