БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Најава за Манифестацијата “Ден на дијаспората” во с. Цера, Македонска Каменица

Пренеси го гласот

Оваа сабота на 13 Август со почеток во 11.00 часот кај Манастирско-туристички комплекс „Еленец“, во село Цера во општина Македонска Каменица ќе се реализира традиционалната манифестација “Ден на дијаспората.”

Настанот на кој што секоја година присуствуваат неколку илјади граѓани, има за цел за промоција на руралниот туризам во Македонска Каменица како и обединување на сите граѓани од регионот на едно место за негување на традицијата, културата, афирмација на локалните специјалитети музика и обичаи.

Манифестацијата е во организација на КИЦ “РОМАНСА” од Македонска Каменица како и Здружението на граѓани при манастирскиот комплекс Еленец од село Цера.

Настанот е предвидено да трае до 17.00 часот попладне а во културно уметничкиот дел присутните ќе ги забавува Дарко Билбиловски и бендот Актив Бенд од МАкедонска Каменица

“На манастирско-туристичкиот комплекс”Еленец”,село Цера, традиционално секоја година во месец Август се организира манифестацијата Ден на дијаспората, манифестација подржана од нашите иселеници надвор од границите на Република Македонија.

Манифестацијата е во организација на КИЦ”Романса”Македонска Каменица,Општина Македонска Каменица и здружението на граѓани при манастирскиот комплекс Еленец од село Цера.

Оваа година на манифестацијата ке настапи еден од познатите фолк пеачи Дарко Билбиловски и локалниот бенд Актив бенд.

Манифестацијата Ден на Дијаспората ќе се одржи на ден сабота 13.08.2022 година со почеток од 11 часот.”

-информираат од КИЦ “Романса” Македонска Каменица.

Креирано од:


Пренеси го гласот