БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Најава за Менса Тестирање за натпросечна интелигенција во Скопје

Пренеси го гласот

По повод Светскиот ден на интелигенцијата, Менса Македонија организира тестирање на интелигенција во Скопје со цел прием на нови членови, на 01.10.2025 (Среда) со почеток во 18:30 часот.

Тестирањето ќе се одржи во просториите на Факултетот за Електротехника и Информациски Технологии кој се наоѓа на улица Руѓер Бошковиќ 18, Скопје. 

Кандидатите е потребно:
– да имаат полни 16 години,
– да уплатат 600 денари на:
примач: Менса Македонија,
сметка: 300-0000002113-02 Комерцијална банка,
цел на дознака: Тестирање
– да понесат документ за лична идентификација на самото тестирање,
– од претходното тестирање да се поминати најмалку 6 месеци и
– претходно да не се тестирале повеќе од два пати.

Пријавувањето се одвива на линкот:
https://forms.gle/LWDH9XC8LGAvSiA36
каде треба да прикачите и доказ за извршена уплата, заклучно со 30.09.2025.

Во согласност со иницијативата на Менса за поддршка на крводарителството и младите лица сите крводарители, ученици и студенти имаат 50% попуст

Тестирањето се одвива со стандардизирани тестови за интелигенција на Mensa International® и резултатите се тајни.

Доколку вашиот резултат е во горните 2% од светската популација, стекнувате право да станете член на Менса Македонија, а со тоа и на Mensa International®.

Креирано од:


Пренеси го гласот