Во присуство на пратеникот во Собранието на Република Македонија, Зоран Коцевски, кандидатот за градоначалник, Иван Гоцевски, носителот на советничката листа, Адријана Илиевска Велковски, заедно со тимот за развој на Делчево и многубројни членови и симпатизери ги отворивме вратите на граѓанскиот штаб на ВМРО-ДПМНЕ во Делчево.
Овој штаб не е само симбол, туку вистински простор за отворена соработка, дијалог и заедничко креирање на политики кои ќе го подобрат секојдневието во Делчево.
Отворени сме за сите ваши идеи, иницијативи и предлози, затоа што веруваме дека со меѓусебна доверба и активна вклученост на граѓаните, можеме да изградиме поуспешна и поубава иднина. ![]()
Да ја споделиме енергијата на промените и да го започнеме заедно новото победничко поглавје за Делчево!
Извор: Фејсбук

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Здружението на пензионери – Кочани одбележа 54 години од основањето
Стручна работилница на тема „Дигитални решенија за одржливо земјоделско производство“
ВИНИЦА РЕЦИКЛИРА – 169.350 ПЛАСТИЧНИ ШИШИЊА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ!