БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Економијата во државата покажува тренд на подобрување во резултатите на најновите истражувања

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во најновото истражување на интернет порталот МКД.МК за економските прилики во државата се добиени резултати кои што даваат одговор за ефектите на владините политики во сферата на економијата и уделот кој што го создаваат во секојдневниот живот на Македонските граѓани.

Власта води добра економска политика

Една третина од граѓаните сметаат дека владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ води подобра економска политика од СДСМ (9,1%), покажуваат резултатите на истражувањето на МКД.мк спроведено од агенцијата Маркет вижн од 9 до 21 септември.

На прашањето како би ја оцениле финансиската состојба на вашето домаќинство, една третина, односно 33,8% од испитаниците позитивно ја оцениле финансиската состојба на своето домаќинство, за разлика од 23,5% кои изјавиле дека финансиската состојба на нивното домаќинство е лоша.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Најголем дел од испитаниците (39,5%) очекуваат, во наредните 12 месеци, состојбата во земјата да биде непроменета, 31% имаат оптимистички очекувања, додека речиси 25% имаат песимистички очекувања.

Една третина од граѓаните (36,2%) немаат доверба ниту во владејачката партија ниту во опозицијата кога станува збор за водење на економска политика. Од останатите, три пати повеќе граѓани би ја довериле економската политика на ВМРО-ДПМНЕ отколку на СДСМ.

Во однос на актуелниот проект на Владата за доделување концесија за работа на нов мобилен оператор, две третини од граѓаните ја поддржуваат оваа одлука.

За скандалот со прислушувањето, најголем дел од испитаниците кои слушнале за овој случај веруваат дека одговорноста за оваа афера е кај опозициските партии СДСМ и ДУИ.

Анкетирањето беше спроведено од 9 до 21 септември со употреба на CAТI метода – телефонско анкетирање со помош на компјутер на примерок од 1.200 испитаници. Примерокот е репрезентативен на ниво на Македонија според: регион, пол, возраст и етничка припадност според податоците за резидентното население од пописот 2021 година.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace