БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Најава за Планинарски марш Русиново-Петлец: “По врвиците на војводите 2018”

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Берово преку раководството на Местниот комитет на Организацијата од село Русиново, упати покана до сите заинтересирани граѓани за учество во настанот за одбележување на 112 годишнината од смртта на Дамјан Груев-првиот секретар на Внатрешната македонска револуционерна организација.

Во продолжение го пренесуваме повикот за учество на самиот настан:

Доколку не би постоеле големите луѓе и големите датуми во историјата на Македонија, би се изгубила можноста за наше препознавање меѓу нациите, бидејќи без нивните подвизи, дела и херојства би била празна историјата и културата на нашиот народ.

Во чест на Македонскиот револуционер, борец за слободна Македонија Даме Груев, кој на 23-ти Декември 1906 година го загуби својот живот во борбата за слободна Македонија на планината Петлец во близина на Русиново, Ве покануваме заедно да ја одбележиме 112 годишнината од неговата погибија.

Одбележувањето на годишнината од смртта на Даме Груев ќе биде утре (сабота 22.12.2018 година) со почеток во 09.00 часот во центарот на село Русиново а ќе заврши на самото место под врвот Петлец каде Македонскиот великан го издивнал последниот животен здив.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Креирано од:


Пренеси го гласот