БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Љубомир Цуцуловски: Покајание

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во ниту една нормална држва не може да се замисли некој да побара амнестија пред да биде утврдена неговата вина, a судскиот процес е во тек, бидејќи (барајќи амнестија) обвинетиот посредно признава дека е виновен. Кога не би било така, зошто би ја барал? Со воведувањето на оваа пракса – воведување амнестија, пред да биде довршен судскиот процес – и кај moralno невините, и кај оние кои законски не згрешиле, се всадува чувството на вина, пракса ретко видена (ако е видена) во кој било деспотски, авторитарен или антидемократски систем. Оваа пракса е уште поужасна од инквизиторската, според која сите се виновни сѐ додека не го докажат
спротивното. Таа е, во основа, идентична со некои радикално конзервативни теолошко-религиозни учења, според кои секој човек е грешен од самото негово раѓање, како резултат на Првосторениот грев – сите се грешни, освен оние кои не се грешни, оти се избрани од Бога. Тоа е власта! Ситуацијата во која обвинетите се ставни е уште поморбидна, бидејќи човек суден во земја во кое судството е згазено (констатација и на „меѓународна заедница“), ако предвреме не побара амнестија, може и невин да биде прогласен за виновен. Потоа, нека докажува дека е невин. Според тоа, обвинетите се доведени во безизлезна ситуација – однапред да бараат прошка или невини да скапуваат по затворите.

Во ваква ситуација секој е принуден да се чувствува и да се третира како виновен. Затоа, крајно време е со сите сили соодветната правничка фела, вклучувајќи ги и невладините организации (какви и да се) да ги информираат меѓународните институции за она што се случува и што пандемиски се шири низ Република Македонија. Каков ќе биде резултатот, дали меѓународните институции ќе реагираат, не е толку битно, бидејќи е битно дали ќе се реагира навреме (за да се обели образот) или како и досега ќе се молчи и ќе им се повладува на моќниците, оти треба да се има предвид дека никој не е недопирлив – денес едни, утре други. Ова треба да се има предвид дотолку повеќе што и Лаврентиј Берија (десната рака на Сталин, раководител на НКВД и клучна фигура во Големите чистки) бил суден и стрелан, истата година кога неговиот патрон (Сталин) починал. Не дека историјата не учи. Таа учи! Проблемот е во тоа што некои се доживуваат како да се вечни, недопирливи и како од Бога дадени.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Креирано од:


Пренеси го гласот