Статус на фејсбук на Виолета Ачкоска:
4 јануари 1943 – Убиствата на Страшо Пинџур (с. Ваташа, Кавадаречко, 3.3.1915 – Скопје 4.1.1943) и Мирче Ацев (Ореовец, Прилепско, 26.9.1915 – Скопје, 4.1.1943), македонски револуционери и национални дејци, организатори и учесници во НОБ.
Биле упасени од страна на бугарската полиција во Велес, зверски измачувани и убиени во скопскиот затвор. Мирче Ацев кој поради тешките физички измачувања се наоѓал во критична состојба, агентите го фрлиле од прозорецот и ја ширеле веста дека тој сам си го одзел животот.
На 13 јануари активисти на КП успеале да ги однесат посмртните останки во Прилеп.
По континуираното измачување, пак, Страшо Пинџур бил оставен 24 часа во неговата ќелија и кога повторно требало да продолжи „испитувањето”, агентите го пронашле затвореникот мртов. Исплашени дека може да се создаде поголем револт кај македонскиот народ од ваквото сурово убиство на Страшо Пинџур, бугарските окупаторски власти решиле да инсценираат негово наводно бекство. Полицијата го закопала телото на Пинџур на непозната локација, а потоа било подготвено сценарио според кое требало да се создаде впечаток во јавноста дека политичкиот затвореник Страшо Пинџур побегнал некаде во околината на Велес.
Вечна им слава.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Чешиново-Облешево доби нов, модерен простор за рекреација на најмладите
Македонскиот Премиер упати пораки за улогата на новите инвестиции за потребите на Македонска пошта
Нова ера во работата на Македонски пошти