Една од најпопуларните научно-документарни емисии во светот, емисијата на Карл Саган именувана едноставно “Космос” на денешен ден 27.09.1980 година за првпат беше емитувана премиерно за светската јавност. Оваа серија во себе содржеше восхитувачка магија која потекнува од науката за универзумот.
Овде во ова видео Карл Сеган во еден од највпечатливите делови од емисијата зборува за раѓањето на ѕвездите, нивниот живот и смрт како причина на тоа што нам ни дава живот.
Карл Саган ( 9 ноември 1934- 20 декември 1996) беше неуморен шампино на причините, шамански раскажувач кој што уживаше да раскажува за науката на свој уникатен начин, многу често испреплетувајќи метафизички тези во неговата висока мудрост во скалило многу повисоко од науката на рамниште на суштината на спиритуалноста и значењето на животот.
Во неговата најдобра комбинација тој ги фузираше волшепството на метафизиката и строгоста на причините за да постигне трансцедентално искуство и љубопитност кон науката.
Во ова кратко видео погоре кое што е дел од ремастерираното издание на серијата “Космос” сево ова е многу јасно прикажано во кратки црти и ја доловува суштината и значењето на ова негово дело.
Настаните во една ѕвезда може да имаат влијание на другата страна од галаксијата и тоа милијарда години во иднината… Но исто така од планета која орбитира околу одредена ѕвезда во далечен планетарен систем, се очекува уште по славна зора на создавање- не изгрејсонце, туку раѓање на нова галаксија; утро исполнето со 400 милијарди сонца-подемот на Млечниот пат…. Од таков еден свет… јасно е, како за почеток нека биде јасно дека сме создадени од атоми и од ѕвезди, дека нашата материја од која сме изградени и нашата форма се детерминирани од космосот, чиј што составен дел сме ние самите.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
„Дома“ прва песна од новиот проект на Бојана Скендеровски – КРУНА НА 23-ГОДИШНАТА КАРИЕРА!
Традиција што инспирира: 38. изложба „Студентска графика – Драгутин Аврамовски – Гуте“ на 15 мај во Сули ан
Нов визуелно-емотивен видео запис за песната “Идни денови” [Future Days] на Pearl Jam